Порше се појави на берза, понудата на акции е вредна 75 милијарди евра - Канал 5

Порше се појави на берза, понудата на акции е вредна 75 милијарди евра

Производителот на спортски автомобили Порше сам излезе на берза со иницијална јавна понуда (IPO) вредна околу 75 милијарди евра, со која се надева дека ќе собере околу 19,5 милијарди евра свеж капитал.

Порше се појави на берза, понудата на акции е вредна 75 милијарди евра

Според тоа, нејзината пазарна капитализација се проценува речиси на ниво на Фолксваген, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и ривалите како Ферари.

Книгата за преднарачки е затворена вчера, а ИПО на Порше е меѓу најголемите во Европа и втора по големина во Германија, по ИПО на Дојче Телеком во 1996 година.

Цената на акција на Porsche на отворањето на тргувањето била 84 евра, блиску до горната граница на опсегот од 76,5 до 82,5 евра, што ја објавиле овој месец.

Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари биле собрани преку ИПО, според податоците на Refinitiv.

Фолксваген рече дека нестабилноста на пазарот е причината зошто на менаџерите на паричните фондови за инвестирање им требаат стабилни и атрактивни акции како на Порше.

„Порше беше и е бисер на групацијата Фолксваген“, изјави Крис-Оливер Шикентанц, главен инвестициски директор во фондот Капител.

„ИПО сега многу транспарентно покажа колкава вредност дава пазарот на Порше, што исто така, се разбира, има позитивни ефекти врз акционерите на VW“, додава тој.

Соочени со огромните трошоци за радикална промена кон електричната мобилност и софтвер, раководителите на Фолксваген долго размислуваа да го котираат Порше на берзата, надевајќи се дека ќе ги соберат многу потребните средства и ќе ја зголемат вредноста на Фолксваген.

Семејствата Porsche и Piech ќе ја консолидираат контролата врз компанијата Porsche, со 25 отсто од акциите плус една обична акција со право на глас.

Дури 113 милиони и 875 илјади приоритетни акции, без право на глас, ќе бидат продадени на инвеститорите при првичната јавна понуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот амбасадор во Бугарија, Крум Ефремов ја презентираше дипломатската платформа пред Собранието

Деескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов 

Новиот амбасадор во Бугарија, Крум Ефремов ја презентираше дипломатската платформа пред Собранието

Деескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов кој денеска ја претстави својата платформа за идни дипломатски активности пред Собраниската комисија за надворешна политика. Моменталните односи не се на соодветно ниво за две земји сојузнички во НАТО и две земји со европски интерес, изјави Ефремов.

-Нерешеното прашање во врска со спречувањето во преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ од страна на Република Бугарија претставува најголем предизвик. Во делот на она што нашата земја ќе го прави во иднина е барањето и посветеноста на изнаоѓање на решение преку дијалог, со добра волја и сигурност и гаранции а не повторување на стагнацијата. Всушност одржувањето на статусот кво не е во интерес на ниедна страна,- -Крум Ефремов, вонреден и ополномоштен Амбасадор на Македонија во Бугарија.

Ефремов кажа дека досега се одржани 40 средби на Истоприскатѕа комсиија која преозиле од Договор за добрососедтсво од 2017 година, а согласнот е постигната за заедничко чевствување на 4 личности и 10 препроаки за образовните програми..

Освен на експертско ниво, Ефрмов најави дека во фоксуот ќе му биде и развивањето на политичките билатерални односи, притоа организирајќи средби на сите нивоа, вклучително и на високо.

-Бугарија во секоја прилика и натаму ја потврдува својата посветеност на европскиот консензус од 2022та односно условот за Македонија за отворање на преговорите за членство и го повторува барањето за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, констатираше Ефремов во своето излагање.

Ефремов, напомена дека Бугарија е на 6то место на наши трговски партнери со кого трговијата во текот на една деценија се дуплирала и сега изнесува над 1 милијарда евра и псоочи дека е потребна соработка на сите полиња, меѓу кои и гасно поврзување, отворање на три нови гранични премини, подобрена патна и транспортна инфраструктура како и поголема парламентарна и економска соработка меѓу двете држави..

Освен Ефремов, своите дипломатски активности ги претставија и новите македонски амбасадори во Кралството Норвешка - Дритон Кучи, Кралството Шведска - Мухарем Јусуфи и Романија - Габриел Атанасов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!

По видеото на новинарот Александар Видиновски, поставено е ново македонско знаме пред Министерството за култура и туризам.

По забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!

Брза реакција од Министерството за култура и туризам, по забелешката на новинарот на Канал 5, Александар Видиновски во врска со искинатото македонско знаме поставено пред оваа институција.

Сега пред Министерството се вее ново знаме на Македонија, онака како што доликува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. 

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите.

Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот.

- Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша.

Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“.

– Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер