3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ЖивотПоранешните вработени на Бил Гејтс: Беше женкар и им викаше на сите Поранешните вработени кај Бил Гејтс за Бизнис Инсајдер изјавиле дека тој на работа се однесувал како вистински канцелариски насилник.„Бил им викаше на сите подеднакво“, изјави поранешниот извршен директор за наведениот медиум. Другите вработени во „Мајкрософт“, сепак, припишуваа некои од неговите непожелни однесувања на чистата несмасност. "Тој не знаеше како да се шегува или да се поврзе со луѓето. Ако рече дека му се допаѓа вашата фризура, не се обидуваше да флертува со вас. Тој всушност навистина ја сакаше вашата фризура", изјави за Инсајдер друг поранешен вработен во Мајкрософт. View this post on Instagram A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) Друг од поранешните вработени на Бил го коментирал неговото однесување. Тој исто така го опиша како „женкар“. Тој за „Инсајдер“ потврдил дека еднаш го видел како разменува нежности со девојка во францускиот ски-центар на Алпите, наводно една година откако започнал врска со Мелинда. Да потсетиме, најновите информации за Бил Гејтс почнаа да излегуваат во медиумите откако на почетокот на петтиот месец на Твитер објави дека се разведува од сопругата. "После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во текот на изминатите 27 години, одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрави и продуктивни животи. Таа мисија ќе ја продолжиме за да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи “, гласи објавата на Твитер. View this post on Instagram A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) Иако основачот и поранешен директор на „Мајкрософт“ и коосновач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ објави дека се разведува на почетокот на мај, „Волстрит журнал“ објави дека Мелинда Гејтс се консултирала со адвокатите за развод уште во октомври 2019 година, откако во медиумите протекоа информации дека Бил се дружел со милијардерот педофил Џефри Епштајн. „Дејли бист“ пишува дека Епштајн наводно го советувал Гејтс да стави крај на неговиот „токсичен брак“, како што тој го нарекол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00