Поранешна Мис ја напуштила докторската кариера, за да биде домаќинка: Уживам ! (ФОТО)

Поранешната Мис на Канада Синтија Ловен се откажала од својата доктрска кариера пред неколку години. Не била задоволна од својот живот и сакала да биде домаќинка.

"Пред неколку години, навистина бев фрустрирана од својот живот. Навистина не го чувствував повикот да станам лекар - го почувствував повикот да станам сопруга и домаќинка, иако требаше да бидам лекар", изјави Синтија за „Сан“.

Откако се омажила, ја презеде улогата на домаќинка, а мажот оди на работа. Секој ден го поминува во готвење и чистење за нејзиниот сопруг.

„Работата дома ми носи огромно задоволство, особено во споредба со која било друга работа што сум ја извршила“, рече Синтија.

Иако, вели таа, е тврдоглава личност, дозволила нејзиниот сопруг да биде главен во врската.

Нејзиниот ден започнува со одење во теретана, по што го шета кучето и потоа ги извршува домашните работи.

„Обично само чекам сопругот да дојде дома, и ако тој дојде дома доцна, јас оставам вечерата во фрижидер и си легнувам“, вели Синтија.

Поранешната мисица го поддржува движењето Tradwife, кое се залага за ставот дека сопругите традиционално прават сè околу куќата, додека нивните сопрузи заработуваат пари. Домашните работи, вели таа, ја исполнуваат.

"Колку повеќе гледате во домаќинството како работа, толку повеќе се чувствувате исполнето. И, како и со секоја друга работа и кариера, ќе сакате да си поставите цели и да ги постигнете", рече таа.

Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица активираше бомба во океан, во рамки на воените вежби влиску крајбрежјето на Флорида.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми.

Експлозијата, според информациите, била толку силна што предизвикала земјотрес. Бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата, а намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Комисијата за финансирање и буџет го поддржа Законот за субвенциониран студентски оброк

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

– На Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк предлагам комисиски амандман по Член 10 се додава нов член 10а што гласи: „Одредбите од членовите 7, 8, 9 од овој закон со кој се менуваат членовите 10, 11, и 12 ќе се применува до завршувањето на академската 2021/2022 година. По завршување на академската годината ќе се применуваат одредбите од членовите 10, 11, и 12 на законот за субвенционирање студентски оброк објавен во службен весник. Одредбата од член 10 со која се додава нов член 12а ќе се применува до завршување на 2021/2022 година што значи дека секој редовен студент ќе може да ги искористи средства од околу 2.600 ден за студентски оброк, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Зајкова, пак, потсети дека Законот за субвенциониран студентски оброк во минатиот состав беше едногласно донесен и стапи во сила на 10 февруари 2020 година, што како што вели таа е поразително дека сè уште не е системски имплементирано ова законско решение, а притоа да се подготват сите подзаконски акти на Законот.

– Наместо денеска да зборуваме во колкав процент ќе биде неговата реализација ние денеска зборуваме за негово изменување што во корен ја менува идејата и концепцијата на Законот, додава таа.

Пратеничката Зајкова истакна дека доколку пратениците сакаат да им дадат финансиска помош на студентите може да донесат друг закон, како што е законот за финансиска поддршка.

Комисијата за финансирање и буџет го стави Законот на натамошна постапка во Собранието.

Премиерите Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации

Премиерот  Зоран заев патува за Амстердам на покана на премиерот на Холандија Марк Руте.

Премиерите на Македонија и Холандија , Заев и Руте попладнево ќе бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и ќе ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

притисни ентер