ЗабаваПоради неа сите ги гледаат Олимписките игри во Рио (видео)Гледачите на „Би-Би-Си“ на социјалните мрежи прокоментираа дека водителката Хелен Скелтон заборавила да се облече.Презентерката известуваше од Рио по повод Олимписките игри. Нејзиниот краток фустан предизвика лавина коментари на социјалните мрежи бидејќи многумина беа “уплашени“ дека кога Хелен ќе се заврти на столчето, ќе се види дека нема облечено долна облека, како и тоа дека изборот на гардеробата е погрешен за ударен телевизиски термин. „Некој треба да и рече да не се поместува. Се ќе се види“, „Изгледа фантастично во краткиот фустан. Таа е супер водителка и се гледа дека ужива во својата работа. Само напред“, „Моментално цел твитер го интересира дали Скелтон носи долна облека“, беа само некои од коментарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре намалени цени за „Блек фрајдеј“, инспектори ќе проверуваат дали се почитуваат попустите „Ловците“ на пониски цени, кои ќе ги преплават трговските центри веќе планираат со што ќе се подноват на популарниот „Black Friday“.. Телевизиските, радио рекламите, како и оние на социјалните мрежи за подобри зедлки веќе стигнаа речиси до секој агол на светот, вклучувајќи ја и Македонија. Но, годинава овој „шопинг ден“ ќе се одвива под будното око на Државниот пазарен инспекторат, кој подготви над 40 екипи кои ширум земјава кои ќе проверуваат дали има реални намалувања на цените или тоа е само мамка за купувачите од продавниците. -Целта на инспекциските надзори е да се спречат нечесни трговски практики и да се заштитат правата и економските интереси на потрошувачите. Ја гледаме последната најниска цена во 30-те дена откако објавиле попуст, за да не може да се манипулира со цената. Субјектите ќе се контролираат поради можни злоупотреби на законот за трговија и законот за заштита на потрошувачи. Доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејства како инспекторат нема да дозволиме да се случи.- -Државен пазарен инспекторат. Граѓаните велат во минатото биле сведоци на покачување на цени пред „Black Friday“, па на денот истите да се намалат на нивната реална цена, дури пак некогаш е и повисока, па годинава ќе го прескокнат пазарувањето. Други веќе си одбрале што ќе купат – некој патики, некој облека, трети видео игри. Потрошувачите да бидат внимателни, па и сами да си го штитат џебот и да не се потпираат само на инспекциите, велат од организацијата на потрошувачи на Македонија. Препорачуваат да ги следат цените на производите и до еден месец пред „Black Friday“, а да ги проверат и при купувањето за да не ги чини поскапо и да знаат, иако е купено со попуст, законски, ако има проблем или недостаток производот, истиот можат да го вратат. Особено внимателни, поради ова, да бидат оние кои купуваат онлајн, каде периодов има понуди со високи попусти. -Да се обидеме однапред, 20-30 дена да видиме која е цената за точно да знаеме навистина дали е намалено или не, затоа што понекогаш се случува цената која е пречкртана и онаа која сега е истакната да практично се прави манипулација од страна на трговците. Внимавајте, најчесто ги изразуваат намалувањата во проценти, пресметајте, точно која е цената, не процентот дали е 5,10,15 проценти. Им препорачуваме на граѓаните малку да внимаваат малку на купувањето на социјални мрежи, некои портали, каде што не знаеме ми која е фирма, немаме податоци, имаме само некој контакт телефон, бидејќи тука не можеме да се заштитиме, едноставно купуваме производи, плаќаме во кеш, не добиваме за тоа ниту фактура ниту фискална сметка и ако има проблем не можеме да реагираме. – Татјана Тасевска – Организација на потрошувачи на Македонија. „Black Friday“ е масовен шопинг – настан уште од 90тите години во САД, каде најчесто купувањата наликуваат на стампеда, а граѓани знаат и да кампуваат пред продавниците и со часови пред истите да се отворат. Глобален феномен станува некаде во 2010 година, а околу 8 години е тренд и во Македонија, каде се повеќе трговци се приклучуваат на овој маркетинг потег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСојузот на синдикати бара законски измени за платено отсуство од работа за жртвите на насилствоСојузот на синдикати бара законски измени за платено отсуство од работа за жртвите на насилство. Не смееме да дозволиме некоја жена да го загуби своето работно место и егзистенцијата во најтешките моменти од својот живот, кога се соочува со насилство и бараат законските измени да се донесат најскоро. Синдикатите најостро го осудуваат секој вид на насилство врз жените без оглед дали се случува во домот или работното место Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаСтерјовски во ОН побара заштита на Македонците во Албанија од бугарските притисоциПретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски побарал заштита за македонската заедница во Албанија од страна на Обединетите нации, поради како што наведува асимилациски притисоци од Бугарија. Тој на состанок организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за малцинства Николас Леврат, изразил загриженст за обидите за наметнување бугарски идентитет преку политичко влијание врз Македонците кои живеат во Албанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook