АвтомобилизамПоминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија (ФОТО)Џим О'Ши од Мисури стана тема на многу разговори откако со својот стар Volvo 740 извозел неверојатни 1,6 милиони километри.Овој подвиг не само што зборува за издржливоста на возилото, туку и за истрајноста на неговиот сопственик, кој три децении бил посветен на својата цел, објави Ауто Клуб. Пред повеќе од 30 години, Џим одлучил да купи Volvo, на големо разочарување на неговиот татко, кој тогаш бил шеф на локалниот застапник на Ford. За да ја поправи нивната врска, тој му ветил на својот татко дека со овој автомобил ќе вози милион милји (1,6 милиони километри). Она што тогаш не го знаел е дека ќе бидат потребни три децении возење за да се реализира тоа ветување. Во текот на годините на интензивна употреба, Volvo 740 се покажало како неверојатно сигурен. Иако никогаш не учествувал во сериозни судири, Џим признава дека неговата сопруга три пати „малку удрила“ со возилото. Оригиналниот мотор издржал дури 941.466 километри, додека менувачот бил менуван неколку пати. Овој извонреден напор не останал незабележан. Компанијата Volvo во Америка одлучила да му врачи награда на Џим – новиот модел S60. Клучевите од возилото му ги предаде Стивен Линч, истиот човек кој му го продал неговото прво Volvo пред повеќе од три децении. Сепак, она што многумина не го очекувале бил детал кој остана неискажан за време на церемонијата. Новиот автомобил не е целосно во сопственост на Џим О'Ши - возилото му е дадено на употреба две години, по што мора да го врати во застапништвото. Интересно е и тоа што, иако неговиот Volvo 740 поминал 1,6 милиони километри, ова возило не е рекордер кога е во прашање најголемата километража. Рекордот моментално го држи црвениот Volvo P1800 од 1966 година, кој поминал неверојатни 5,23 милиони километри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЧекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоциА што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецептТокму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго. Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите. А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача. Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот. Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски. За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена. „Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго. Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности. Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕвропски безбедносни служби: Русија подготвува бран саботажи во ЕвропаЕвропските безбедносни служби проценуваат дека Русија ќе ги засили актите на саботажа низ континентот во наредните месеци.Оваа информација произлегува од доверливи разговори што новинари од германскиот „Велт“ и британскиот „Телеграф“ ги воделе со безбедносни агенции. Висок функционер на НАТО потврди дека Алијансата очекува поагресивна реторика од Москва и зголемување на хибридните напади во Европа. Според него, ова е реакција на Кремљ на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Западот. „Сметаме дека Русија моментално е под огромен притисок – веројатно најголем од почетокот на војната и во текот на целиот мандат на Владимир Путин“, изјави функционерот. Аналитичарите на германската влада исто така предвидуваат интензивирање на нападите. Како пример за овој општ тренд, тие го наведуваат неуспешниот напад со дрон врз украинскиот авион „Антонов“ на аеродромот во Лајпциг во август. Германските власти сметаат дека воената разузнавачка служба ГРУ е главниот двигател зад овие напади нарачани од Кремљ. Според извори од безбедносните служби, Русија првенствено е фокусирана на психолошкото влијание од ваквите акции. Кизеветер: Можни се цивилни жртви Москва има за цел да им сигнализира на европските општества дека поддршката за Украина носи ризици, обидувајќи се да влијае врз јавната дебата и да ја ослаби помошта за нападнатата земја, пренесува „Билд“. Ова вклучува директни закани и планирање напади врз раководители во компании од одбранбената индустрија кои ѝ помагаат на Украина. Германија, како еден од клучните сојузници, е особена цел. Затоа, експертот за надворешна политика од ЦДУ, Родерих Кизеветер, очекува значително зголемување на руските саботажи и терористички напади. Тој смета дека Русија е подготвена да прифати и цивилни жртви. „Нападите имаат јасна воена компонента. Русија смета дека е во војна со НАТО, Европската Унија и со нас“, рече Кизеветер. Тој побара воената помош за Украина „значително“ да се зголеми, на пример преку испорака на оружје со голем дострел, како што се крстосувачките ракети „Таурус“. Експерти: Целта е ширење страв и слабеење на поддршката за Украина Робин Вагенер од Партијата на зелените, заменик-член на парламентарната комисија за одбрана, вели дека „рускиот државен терор против членките на ЕУ служи за слабеење на Украина и на нашата волја за одбрана“. Тој предвидува понатамошна ескалација на оваа „војна во сенка“ и предупредува на широк спектар можни напади, од сајбер-напади и саботажи до атентати. Не ја исклучува можноста за воени провокации, на пример во Балтичкото Море. Вагенер смета дека е срамота што руската „флота од сенка“ непречено плови низ германските води и на тој начин обезбедува милијарди за воената каса на Путин. И поранешниот шеф на австриската разузнавачка служба, Омар Хаџави-Пирхнер, гледа долгорочна стратегија во руските активности. Тој смета дека Кремљ го доживува односот со Европа како „системски конфликт“ и очекува повеќе летови со дронови и напади врз воената индустрија и критичната инфраструктура. Песимистичка прогноза дава и поранешниот шеф на германската разузнавачка служба (БНД), Герхард Шиндлер. Тој тврди дека целта на хибридните напади е да се ослаби поддршката за Украина. „Населението треба да почувствува страв од директен воен конфликт и затоа да почне да се сомнева во смислата на помагањето на Украина“, објасни тој. Според Шиндлер, Путин има две клучни цели: воен успех во Украина и прекин на западната поддршка за Киев. „Затоа ќе ги интензивираат и двете – воениот притисок врз Украина и хибридниот притисок врз Западот“, заклучи Шиндлер. Русија ги отфрла обвинувањата На прашањето од „Велт ам Зонтаг“, руската амбасада ги отфрли „неоснованите обвинувања“ за наводната вмешаност на Русија во саботажни активности. Германската индустрија бара подобра заштита од дронови Од друга страна, политиката сака економијата во иднина посилно да се заштити од дронови. Според информациите на „Велт ам Зонтаг“, здружението на германската индустрија (БДИ) формирало работна група во која учествуваат речиси 100 компании. Надлежните органи моментално разгледуваат како компаниите можат подобро да ги заштитат своите капацитети и критичната инфраструктура од дронови. БДИ бара од владата прво да ги разјасни отворените прашања во врска со одговорноста за евентуални штети. Извор: Индекс.хрТагови: Европа русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре наутро ведро и студеноУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16