ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името
2ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името
3Г.Скопје: Сабота и недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци
ЖивотПомен по повод 40 годишнината од упокојувањето на Архиепископот охридски и македонски ДоситејПо повод 40 години од упокојувањето на Архиепископот охридски и македонски Доситеј, денеска во црквата „Св. вмч. Димитриј Солунски" во Скопје, каде што е неговото вечно почивалиште беше отслужен помен на кој чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и на повеќемина свештеници од МПЦ-ОА. На поменот присуствуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗ) Даријан Сотировски и деканот на Православниот факултет „Свети Климент Охридски" проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Во пригодна беседа г. г. Стефан се осврна на важноста на делото на Архиепископот Доситеј, кој е возобновител на Охридската архиепископија, обединител на македонскиот народ во татковината и ширум светот, човек кој успеал многугенерациската тага на нашиот народ да ја претвори во духовна радост преку автокефалијата на нашата Помесна црква, соопшти КОВЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран почна масовна мобилизацијаИран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата. Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион. Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран. Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари. Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа иметоФилипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата.Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист. Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови. Јасно ни е, на Филипче му пречи секој успех на Македонија, му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%. Филипче да се преиспита што точно му одговара, дека до сега знаеме оти не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТомас Тухел го објави составот на Англија за Лигата на нации,неколку повратници на списокотСелекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави составот на фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации – негов прв избор по завршувањето на Светското првенство во 2026 година. Англија треба да одигра четири натпревари. Најпрво, „Гордиот Албион“ го очекува спектакл на „Вембли“ против светскиот шампион Шпанија на 26 септември во 19:45 часот, по што следува гостување кај Чешка во вторник, 29 септември, во 19:45 часот. Густиот распоред продолжува со гостување кај Хрватска во сабота, 3 октомври, во 17:00 часот, а циклусот завршува во Лондон против Чешка во вторник, 6 октомври, во 19:45 часот. Селекторот Тухел смета на следниве играчи за претстојниот маратонски циклус: Голмани: Џордан Пикфорд, Џејсон Стил, Џејмс Трафорд. Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Џарад Брантвејт, Трево Чалоба, Марк Гехи, Луис Хол, Езри Конса, Тино Ливраменто, Нико О'Рајли, Џарел Кванса. Среден ред: Елиот Андерсон, Џуд Белингем, Мајлс Луис-Скели, Коби Мејну, Кол Палмер, Деклан Рајс, Алекс Скот. Напад: Доминик Калверт-Луин, Еберечи Езе, Ентони Гордон, Хари Кејн, Рио Нгумоха, Маркус Рашфорд, Морган Роџерс, Букајо Сака.Тагови: Тухел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook