Политичарка почна да се породува додека држи говор пред публика (ВИДЕО) - Канал 5

Политичарка почна да се породува додека држи говор пред публика (ВИДЕО)

Кандидатката за Сенатот на Минесота, Ерин Меј Квад, доби трудови за време на нејзиниот говор на конвенцијата на нејзината партија.

Политичарка почна да се породува додека држи говор пред публика (ВИДЕО)

Таа во деветтиот месец од бременоста застанала пред стотина луѓе.

„Значи објавена е веста дека имам трудови, нели?“ ја прашала публиката откако излегла на подиумот, каде била пречекана со громогласни овации и аплаузи.

„Ова е наш момент да ја градиме нашата иднина заедно, да ја започнеме моќната трансформативна политика што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат сигурни и стабилни заедници, да создадеме економски можности и просперитет и да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права и да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура. Жал ми е“, рекла таа, застанувајќи накратко за да земе неколку длабоки вдишувања и се фатила за стомакот кога почнале контракциите, што станувале посилни.

Публиката ја бодрела, а потоа таа извика „Добро сум“ и продолжила со нејзиниот говор.

YouTube video

По говорот, Меј Квад отишла во болница, каде го родила девојчето Хариет Блејк Меј Квад.

„Никогаш повеќе нема да ја погледнам сопругата со истите очи, таа е толку моќна“, рекла нејзината сопруга Алисе Маја Квад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали „Пулс“ имал документација- продолжи судењето за трагедијата во Кочани

Дали објектот имал соодветен урбанистички статус и каква документација поседувал? 

Дали „Пулс“ имал документација- продолжи судењето за трагедијата во Кочани

Уште едно рочиште за „Пулс“ помина со серија прашања на одбраната на обвинетите кон тимот вештаци кои го изработија градежното вештачење на дискотеката.

Во судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на денешното рочиште отвори прашања кои се однесуваат на урбанистичкиот статус и легалноста на самиот објект.

Пред вештаците беа поставени прашања за документацијата и дозволите, со кои адвокатите ја насочија својата правна стратегија.

По завршувањето на рочиштето, во изјави за медиумите, родителите на загинатите изразија остри реакции. Тие ги обвинија адвокатите дека преку ваквите прашања намерно ја одолговлекуваат судската постапка и ја кочат правдата за загубените животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло време со температура до 33 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре сончево и топло време со температура до 33 степени

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

18 Крива Паланка.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

19 Попова Шапка, 24 Крушево, 27 Берово, 28 Маврови Анови, 29 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Виница, 31 Битола, 32 Тетово, Охрид, Штип, Струмица, 33 Демир Капија, Кавадарци, 34 Скопје – Петровец, 35 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес претпладне беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во источните делови од државата и тоа најпрво во североисточните, па потоа и во југоисточните, имаше појава на нестабилност со појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Локално процесите беа во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер, појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Во североисточните делови дуваше северозападен ветер кој повремено надминуваше брзина од 60 km/h. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава.

„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер