ФудбалПолициско куче изгризало навивач во Холандија, неговите колеги го нападнаа полицискиот коњ На синоќешниот натпревар во Лигата одигран во Ротердам помеѓу Феенорд и Унион Берлин, имало жесток судир помеѓу германските навивачи и холандската полиција.Според германски Билд, претставниците на навивачите тврдат дека конфликтот настанал поради лошата организација. Наводно, имало премал број вработени кои ги прегледувале ковид-потврдитее, а некои скенери биле неисправни. This is just one of the @fcunion supporters getting a warm welcome in @CityRotterdam. Thank you @Feyenoord. A good day for the #European #humanrights @amnestypolizei pic.twitter.com/lqvFwy07jN — Eiserne Hilfe (@EiserneHilfe) October 21, 2021 Потврдите за Ковид се разгледувале многу бавно, што резултирало со голема гужва пред влезот и нервоза кај околу 2400 фанови. On the way to the stadium several people are arrested by the people, forced into police vehicles. Still 500 people outside of the stadium — Eiserne Hilfe (@EiserneHilfe) October 21, 2021 Полицијата во Ротердам известува за настаните сосема поинаку. Велат дека биле цел на група хулигани и се судриле со полицијата. При жестоката тепачка имало повеќе повреди. Еден навивач бил каснат од полициско куче, а хулиганите повредиле полициски коњ. Имено, фрлањето пиротехнички средства го исплашило, па паднал со полицаецот кој го јавал. The @fcunion lad bitten by a police dog is treatedwell in a hospital. #FEYFCU pic.twitter.com/2u50QctPyW — Eiserne Hilfe (@EiserneHilfe) October 21, 2021 Портпаролот на Унион ги поддржал навивачите и тврди дека организацијата била навистина лоша и дека повеќето навивачи целото прво полувреме го поминале во ред пред стадионот. Снимките и сликите, вели, ја потврдуваат крајната бруталност на домашната полиција во пресметката со навивачите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забранаРусија ги повика Соединетите Држави да поддржат меѓународен договор за спречување на трката во вооружување во вселената, откако Вашингтон за првпат јавно потврди дека американската војска поседува оружје во Земјината орбита.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената. „Сметаме дека сè уште не е доцна да се создаде средина што би спречила трка во вооружување, која носи зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков. САД за првпат јавно потврдуваат дека имаат оружје во орбитата Руската реакција уследи по првата јавна потврда од американски воени претставници дека САД имаат распоредено оружје во орбитата. Командантот на Американските вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека персоналот од тој воен огранок управува со оружје во орбитата способно да ги заштити американските сили од напади што доаѓаат од вселената. Американските претставници не открија за кои системи точно станува збор. Рјабков рече дека САД не ја известиле Русија однапред за овие капацитети, но дека објавата не претставувала изненадување за Москва. „Ова не е ништо ново за нас. Ние сè ова го следиме, го евидентираме и извлекуваме соодветни заклучоци“, рече тој. Москва ги обвинува САД и Британија за одолговлекување на договорот Рјабков тврди дека Русија долго време се залага за договор со кој би се спречила употребата на сила – или закана со употреба на сила – против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Обединетото Кралство, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор. Од друга страна, американските претставници го претставуваат распоредувањето на своите вселенски системи како одговор на развојот на руските и кинеските антисателитски и други вселенски капацитети, како и како средство за одвраќање и одбрана на американските сили. Извор: Индекс.хрТагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter