Полицијата во САД одзема автомобили Тесла од улиците, причината е бизарна

Автомобилите на Tesla се познати по тоа што се опремени со камери и сензори кои снимаат сѐ што се случува во нивната околина, а во последните години полицијата почна да ги користи овие податоци за решавање на случаи.

Полицијата во Калифорнија отиде чекор понатаму и почна да одвлекува возила на Tesla за да пристапи до снимките од местото на злосторството, што предизвика многу бурни реакции.

Според извештаите во San Francisco Chronicle, полицијата во Оукленд и други градови добива налози што им дозволуваат да одвлечат Тесла паркирани во близина на местата на злосторството. Во некои случаи, возачите даваат согласност за пристап до податоците, но полицијата понекогаш користи судски наредби за да го земе возилото без дозвола на сопственикот и да ги собере потребните докази.

Во изминатите два месеци, методот на влечење на Тесла беше користен најмалку три пати во Оукленд, каде камерите на автомобилите ѝ помогнале на полицијата да ги реши случаите. Во еден од тие случаи, снимката од блиску паркираната Тесла ѝ помогна на полицијата да уапси двајца осомничени за убиство, откако снимката ги откри клучните моменти од пукањето.

Практиката покренува прашања за приватноста, бидејќи автомобилите на Тесла стануваат дигитални докази во полициските истраги. Кина веќе го забрани Tesla во близина на одредени владини згради поради страв дека возилата би можеле да собираат доверливи податоци и да ги испратат во САД. Исто така, минатата година беше откриено дека некои вработени во Tesla за забава гледале и споделувале приватни видеа на корисници.

Полицијата во Оукланд не одговорила веднаш на барањата за коментар, но фактот дека Tesla станаа алатка за собирање докази во различни криминални случаи, од кражби до напади од омраза, покренува нови прашања за границите на приватноста во современиот свет.

Осум пациенти се на скопскиот аеродром, ќе се пренесат во Сифија и Варна

Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна.

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

притисни ентер