Полицијата во Белград им забрани на навивачите да внесат транспарент „Догодина во Призрен“

Пред натпреварот за СП помеѓу Србија и Азербејџан (3: 1) пред белградска Маракана, група српски навивачи влегле во вербален судир со припадниците на полицијата.

Причината е пораката од транспарентот „Следната година во Призрен“, порака од српските навивачи по примерот на навивачите на Партизан кои секоја година на натпреварите ја носат пораката „Следната година во Книн“. Полицијата им забранила група навивачи да порачаат „Следната година во Призрен“, што ги провоцира Албанците, бидејќи Призрен е град на Косово.

Албанците синоќа закачија и навредлив транспарент на натпреварот против Полска. На него пишувало FCK SRB („Е**ти Србија“). Телеграф пишува дека ова најверојатно е поврзано со неодамнешните реакции од Србија во случајот со швајцарскиот Албанец Џердан Шаќири. Српскиот фудбалски сојуз бара швајцарската sвезда да биде исфрлена од фудбалот, откако по натпреварот против Северна Кореја носеше јакна со обележја на Ослободителната војска на Косово.

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер