Полицајците не можеле да поверуваат на што седи возач во Австралија (ВИДЕО)

Една работа е кога полицијата ќе фати возач кој не користел појас или возел пребрзо, но сосема друга димензија е кога ќе запре возило без седиште.

Токму тоа се случило неодамна во Квинсленд, Австралија, кога полициска патрола запрела стар Suzuki Jimny. Полицаецот имал што да види додека се приближувал до возилото - го немало најголемиот дел од внатрешноста. Во кабината немало седишта, па возачот седел на резервното тркало. Безбедносни појаси не постоеле во Suzuki, а рачката на менувачот била без анатомска завршница.

Не е позната причината зошто сопственикот ја соголил внатрешноста, но сосема е сигурно дека имал среќа што не доживеал сообраќајна несреќа. И со мал удар би ризикувал сериозни повреди. Се надеваме дека бројните казни кои ги добил и потврдата за техничката неисправност на возилото ќе му бидат доволен мотив повеќе да не носи ваква непромислена одлука.

Србија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

Србија денеска достигна нов рекорд по бројот на заразени со коронавирус - 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци се потврдени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. 

Од скоро 40.000 тестирани, 45,3 отсто од примероците биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона.

Србија на почетокот на годината имаше нешто повеќе од 2.000 заразени на дневна основа, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прославата на Нова година. Брнабиќ утринава гостувајќи на ТВ Прва изјави дека според податоците од осум часот ќе се постигне нов негативен и неславен рекорд по бројот на новозаразени.

„Бројките од осум наутро се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги“, рече Брнабиќ. Таа потсети дека се во сила голем број антиепидемиски мерки и рече дека ситуацијата би била постабилна доколку се почитуваат мерките.

Во Србија во изминатите 24 часа од инфекцијата починале 26 лица, а со 18.000 нови случаи на инфекција, вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата надминал 1,4 милиони. Официјално се пријавени вкупно 13.124 смртни случаи. Денеска во болниците има 2.559 пациенти, од кои 109 се на респиратор.

Шаќири: Приоритет на МОН е градење квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.

– Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

притисни ентер