Поголема заинтересираност на вториот повик од унгарскиот кредит, но 17 општини не аплицирале - Канал 5

Поголема заинтересираност на вториот повик од унгарскиот кредит, но 17 општини не аплицирале

Иако бројот на апликации е за речиси 100 поголем од првиот јавен повик – 17 општини, од кои  4 скопски општини, воопшто не аплицирале на вториот повик за владина поддршка на инфраструктурни  проекти. 

Поголема заинтересираност на вториот повик од унгарскиот кредит, но 17 општини не аплицирале

Иако бројот на апликации е за речиси 100 поголем од првиот јавен повик – 17 општини, од кои 4 скопски општини, и уште 13 други, меѓу нив Валандово, Струга, Дебар, Крушево, Битола, воопшто не аплицирале на вториот повик за владина поддршка на инфраструктурни проекти. Заклучно со вчерашниот ден до арихавата на министерството за локлана самоуправа стигнале 450 апликации, од 63 општини, а речиси половина од нив, како што соопши ресорниот министер Златко Перински, имаат право да аплицираат и со други проекти, согласно критериумот за финансиски средства кои им следуваат со формулата по глава на жител.

„36 општини аплицирале со проекти во вреднсот од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител. 27 општини имаат моженост да апилцираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено формулари. Како влада сакаме да апелираме уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат можноста и да го запазат законскиот предвидениот рок кој завршува на 30.04.2025.“--изјави Златко Перински – министер за локална самоуправа.

Периснки вели и на првиот и на вториот повик општините фокусот го ставааат на проекти од патната инфреструктура, а такви досега се над 500 проекти. Од околу 300 од првиот јавен повик, досега само 30 се целосно завршени, а 4 проекти во 3 општини се уште немаат отпочната постапка – станува збор за проект за пречистителна станица во Чучер Сандево, 2 прокети на општина Аеродром, за дограба на мост на Маркова река и реконстуркција на водоводна мрежа, и еден проект за детска градинка во Ѓорче Петров.

„Од првиот јавен повик 251 се со склучен договор, 140 се воведени во работа, 30 се целосно завршени, 33 се во постапка на тендерирање, и смао 4 немаат отпочнато постапка, затоа што дел од овие 4 имаат отоврено тендерска постапка која треба да се повтори, не е дека има правно или некој законски бариериво насока на реализација на проектите. “--изјави Златко Перински – министер за локална самоуправа.

Во вториот јавен повик предвидени се околу 250 милиони евра за капитални и инфраструктурни проекти во локалните самоуправи. Во однос на временската рамка за завршуање на проектите од ресорното министерство посочуваат општините сами ги одредуваат роковите во тендерските постапки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер