3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
Шоу бизЈа прашаа Џенифер Лопез за врска со колегата- поради нејзината реакција на сите им стана незгодно (ВИДЕО)Џенифер Лопез мораше да ги разјасни гласините за нејзината наводна врска со колегата Брет Голдштајн за време на промотивно интервју. За време на гостувањето во емисијата „Today“, водителката Савана Гатри ги соочи со шпекулациите, што доведе до малку непријатна дебата во која Лопез жестоко ја негираше романсата. Актерите моментално ја промовираат својата претстојна романтична комедија „Cancellor Romance“. Во филмот, Лопез игра високо рангирана режисерка со строга политика против врските со колегите, која против своја волја се заљубува во адвокат (Голдштајн) кој штотуку се приклучил на нејзината фирма. Почеток на шпекулациите По премиерата на филмот на Нетфликс во Лос Анџелес минатата недела, беше само прашање на време кога ќе започнат гласините за нивната романса во реалниот живот. Лопез и Голдштајн се појавија доста интимно на црвениот тепих, смеејќи се и разменувајќи погледи, поттикнувајќи медиумски шпекулации. Фактот што актерот од серијата „Тед Ласо“ претходно го изрази своето восхитување кон пејачот на социјалните мрежи, исто така придонесе за ова, па не требаше долго време приказната да стане вирална. Незгодно интервју Сепак, за време на гостувањето во емисијата „Today“, двојката одлучи да стави крај на тие приказни. Водителката Савана Гатри ги праша за гласините и дали нивната хемија на екранот се прелеала и во реалниот живот, но нивниот одговор ја остави „збунета“. „Нема ситуација каде што ме гледаат со некого или работат со некого без тие да се обидат да ме поврзат со таа личност“, одговори Лопез. „Мислам дека тоа се случува ако стоите блиску до неа“, се пошегува Голдштајн, додавајќи: „Затоа цело време стојам толку блиску“. Сепак, Гатри не беше задоволна од одговорот и продолжи да инсистира, кажувајќи им дека не мисли дека тоа е вистинскиот одговор. @tmz Jennifer Lopez's flirtation with Brett Goldstein is just movie magic and nothing more ... at least that's what she told Savannah Guthrie. 🎥: NBC ♬ original sound - TMZ „Не сме во врска“ Ова изгледа ја изнервира Лопез, која возврати дека гласините за нејзините врски со колегите постојано се појавуваат, но никогаш не се покажуваат како вистинити. „Како тоа да не е одговорот? Тоа беше одговорот! Ме споија со сите, мислам дека оваа година „бев“ со Кевин Костнер. Бев „со“... имаше многу луѓе“, рече таа. „Се случува постојано, што не значи дека е вистина.“ Само за да им биде кристално јасно на сите што гледаа, Гатри повторно го притисна двојката, на што Лопез кратко одговори: „Не сме во врска.“ „Точно“, додаде Голдштајн.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и ОхридНи помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини. „Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метриПодводната пештера Врело во кањонот Матка испиша историја и стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот. Рекордот е постигнат од страна намеѓународен тим спелео-нуркачи, кој достигна максимална длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред дсоегашните лидери, односно локалитетите од франција и Италија. Како што соопштија од спелео-нуркачкиот клуб, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да продре на длабочина, за 51 метар повеќе од досега истражената. Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Рекордното нуркање го извршил полскиот спелео-нуркач Бартло-Миеј Питала, а целата операција траела девет часа. Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилствоГлавната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар. Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир. На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42