ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
2ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
МакедонијаДимитар Ковачевски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува поранешниот премиер од СДСМ, Димитар Ковачевски.4 години откако неговата влада го прифати францускиот предлог, Македонија тапка во место – Кошта порача - договореното мора да се исполни – ќе го отвори ли тоа патот кон членство во ЕУ или ќе биде вовед во бесконечни бугарски барања? Зошто првично НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје? Какви сценарија се правеле во кабинетот на Пендаровски и дали Груевски бил џокерот на власта за 2/3 мнозинство? По поразот си даде оставка во СДСМ, но колку новото раководство успеа да ја консолидира партијата во овие 2 години? Научивме ли нешто од енергетската криза во 2022 и колку успешно се справуваме со сегашната? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува екс-премиерот Димитар Ковачевски, веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“ Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“. Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој. Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој. Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линијаПосетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции. Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати. Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики. Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати. Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди. Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој. Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси. Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија. Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања. Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува. Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди. Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта. Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22