АвтомобилизамПоглед кон иднината: системот „Night vision” во новиот Opel GrandlandПремиера во Opel: Системот „Night Vision” „базиран на камера” дебитира во новиот GrandlandРано детектирање: До 100m со инфрацрвена визија. На прв поглед: Целосните функции на „Night Vision” и предностите прикажани во кратко видео. Двојна безбедност: „Night Vision” и IntelliLux LED® Pixel светла ја претвораат ноќта во ден. Новиот Opel Grandland е опремен со најсовремени технологии и системи за помош при возење кои го прават возењето поудобно, полесно и пред сѐ побезбедно. Една од овие технологии што посебно „сјае“ сега во зима кога е темно и видливоста е послаба, е “Night Vision”. Новиот SUV предводник, кој е достапен и како моќен и ефикасен plug-in хибрид, е првиот модел на Opel што го има системот “Night Vision”. Како и прилагодливите IntelliLux LED® Pixel светлата, им помага на возачите на Grandland да ги забележат луѓето и животните неколку моменти порано. Двата системи ја претвораат ноќта во ден и ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот во самрак и во темница. Opel визирот со Night Vision и IntelliLux LED® Pixel светла Новиот Opel Grandland комбинира елегантен, храбар дизајн со врвни технологии. Не само што новото лице на брендот Opel визирот, веднаш привлекува погледи, туку и паметно интегрира иновативни системи, правејќи ги практично невидливи за голо око и на тој начин беспрекорно обединувајќи го дизајнот и технологијата. Еден од нив е системот “Night Vision” базиран на камера, кој ја слави својата премиера во Opel Grandland. Видеото на YouTube покажува како функционира системот “Night Vision” и предностите што ги нуди за нешто помалку од една минута. Инфрацрвената камера сокриена под Opel визирот го прави возењето ноќе побезбедно, особено на лошо осветлени патишта како што се селските патеки или во шума. “Night Vision” системот детектира луѓе и животни до 100 m, врз основа на нивната температурна разлика од околината. Штом камерата ќе детектира пешак, велосипедист или животно на страна на патот, ја покажува нивната позиција во 12“ информативен центар за возачот во дигиталната пилотска кабина Pure Panel. Лицето или животното пред возилото се означени во боја, јасно се разликуваат од околината. Со овој систем (кој во Германија е достапен за моделите со Ultimate и Business Elegance ниво на опременост) возачите на Grandland можат да препознаат потенцијално опасна ситуација неколку моменти порано и да ја прилагодат својата брзина или да преземат заобиколни активности навреме. “Night Vision” системот е достапен во новиот Grandland во комбинација со прилагодливите IntelliLux LED® Pixel светла. Исто така, интегрирана зад Opel визирот, пионерската технологија за осветлување со 168 LED елементи – 84 по предно светло – обезбедува беспрекорна адаптација на светлосниот зрак според ситуацијата при возење и околината, без при тоа да се прави отсјај за да не се заслепат другите учесници во сообраќајот. Матричната функција прецизно го исклучува светлосниот зрак за сообраќајот од спротивната страна во милисекунди, додека другите области остануваат целосно осветлени со долгото светло. Заедно, двата системи обезбедуваат двојна безбедност, претворајќи ја ноќта во ден и обезбедувајќи релаксирано возење во секое време, дури и при неповолни светлосни услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.Популарната босанка пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗабаваФото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикиниНајдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен. Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи. На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето. На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУтре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор. Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика. Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот. Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година. Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21