Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски - Канал 5

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски

 Грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота ќе биде домаќин на јубилејниот десетти Економски форум.

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски

Грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота ќе биде домаќин на јубилејниот десетти Економски форум, на кој најавени се над 1.000 говорници од 55 земји, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој утре ќе учествува на панел-дискусија, јави дописничката на МИА од Атина.

Економскиот форум во Делфи, како и секоја година на едно место ќе собере политичари, претставници на влади, академци, истакнати личности од повеќе области, кои ќе дискутираат на низа актуелни теми.

Министерот Муцунски утре попладне ќе учествува на панел за односите меѓу САД и ЕУ.

Минатата среда, на прес-конференција во Атина, претседателот и потпретседателот на Делфи форумот, Симеон Цомокос и Јанис Томатис ги презентираа деталите за годишната конференција, како и централните теми на кои ќе се фокусираат дискусиите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина посочија дека и оваа година нема да изостане Балканот, но не само од аспект на проширувањето на Европската Унија, туку и од аспект на енергетиката, а паралелно го потврдија и присуството на Муцунски на форумот.

Како што објасни Цомокос, за проширувањето на ЕУ со земјите од Балканот се очекува да говори шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, но и да се одржи посебна панел-дискусија во организација на Фондацијата за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП, а дополнително, планирани се дискусии и за енергетските теми што се однесуваат на регионот.

Освен официјалниот дел и панел дискусиите, планирано е да се одржат и две затворени дебати, едната посветен на Блискиот Исток, другата на Балканот.

Министерот Муцунски е меѓу десетте шефови на дипломатии што ќе бидат дел од форумот, а потврдено е учеството на министри од регионот, Европа и светот.

Вкупно ќе земат учество 1.018 говорници, од кои 617 се од Грција, а останатите од странство.

На свеченото отворање на форумот, закажано за денеска напладне, ќе се обратат претседателот на Грција, Константинос Тасулас, претседателот на Бугарија, Румен Радев и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман.

Од Грција, освен шефот на државата, под чие покровителство е форумот, во Делфи ќе биде и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, голем број министри од Владата, како и лидери на опозициските партии.

Според организаторите, форумот ќе опфати повеќе теми како што се: геополитичката и меѓународната безбедност, светската економија, климатските промени, технологијата, како и граѓаните и општеството.

Делфи економскиот форум, што оваа година е десетти и јубилеен, е независна, непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница, а целта е да се прикаже реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените прашања, како и да се промовираат иновативни идеи за одржлив и конкурентен раст за Европа и поширокиот регион на Источен Медитеран.

За министерот Муцунски, економскиот форум во Делфи, ќе биде и негова прва посета на Грција од политички аспект, со оглед на тоа што пред две седмици беше во Солун, меѓутоа за да ги посети повредните во трагичниот пожар во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеп Гвардиола го откри својот следен чекор

Еден од најтрофејниот фудбалски тренери во историјата Пеп Гвардиола во интервју ги откри плановите за иднината. 

Пеп Гвардиола го откри својот следен чекор

Тој потврди дека бил во преговори со Италија, но дека во тој момент не бил подготвен да го преземе Азуре. Сепак, тој не ја исклучува можноста еден ден да седне на клупата на некоја репрезентација. Кога - не прецизираше.

„Не знам каде би можел да ја продолжам кариерата, но ако има тим што никогаш не сум го водел и што би сакал да го преземам, тогаш тоа дефинитивно е еден од националните тимови. Тоа би бил мојот следен чекор.“

Уште во јули, кога Италија се обидуваше да го убеди да ја преземе репрезентацијата, извори на ESPN потврдија дека Гвардиола е заинтересиран за соработка со репрезентација, но не можеа да прецизираат за кои селекции станува збор.

Според тогашните извештаи, интерес покажала Холандија, која потоа го ангажирала Чави, како и Англија, предводена од Томас Тухел. Гвардиола засега не размислува премногу за враќање...

„Искрено, не знам. Навистина не знам. Во моментов, добро ми е вака. Ако се вратам еден ден, тоа ќе биде затоа што мојата интуиција ми кажува така и затоа што некој силно ме сака. Само во тој случај ќе се вратам. Имам многу години работа и огромен број натпревари зад мене. Само одморот ме исполнува.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск вети по две акции од „Спејс-икс“ (SpaceX) за секое дете во САД

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави дека секое дете во Соединетите Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „SpaceX“ .

Маск вети по две акции од „Спејс-икс“ (SpaceX) за секое дете во САД

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави дека секое дете во Соединетите Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „SpaceX“ – која се фокусира на вселенска технологија и вештачка интелигенција – во рамките на донација проценета на приближно 18 милијарди долари.

Маск и конкурентската компанија за вештачка интелигенција „Anthropic“ неодамна претставија посебни планови за распределба на дел од придобивките што произлегуваат од брзиот развој на вештачката интелигенција, во време кога расте интересот за оваа индустрија, како кај јавноста, така и кај креаторите на политики.

-Две акции за секое дете Децата ќе добијат една акција од компанијата и уште една од самиот Маск, објави тој на социјалната мрежа X.

Во посебна објава, тој наведе дека акциите донирани од „SpaceX“ ќе им бидат префрлени на примателите следниот месец, додека неговите лични акции ќе бидат префрлени во јуни следната година, откако ќе истече задолжителниот период на задржување, во текот на кој тие не смеат да се продаваат.

Претходно во средата, SpaceX објави дека ќе додели по една новоиздадена обична акција од класа А на секоја моментално активна сметка во рамките на програмата позната како „Трамп сметки“ (Trump Accounts), додавајќи дека Маск лично ќе донира еднаков број акции. Програмата е осмислена за да им овозможи на Американците помлади од 18 години да учествуваат на берзата и да почнат да создаваат капитал уште од рана возраст. Во октомври, Белата куќа соопшти дека се отворени речиси 70 милиони вакви сметки. На крајот од тргувањето во средата, цената на една акција на SpaceX изнесуваше 127,44 долари, со што вкупната вредност на најавената донација достигна речиси 18 милијарди долари.

Богатството на Маск и порака до јавноста Маск, чие богатство се проценува на приближно 824 милијарди долари, минатиот месец најави дека ќе подари по една акција од SpaceX на секое дете во Соединетите Држави. „Подарувањето акции – кои претставуваат удел во економијата на иднината – директно на луѓето, е вистинскиот пат напред“, изјави тогаш Маск.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027

Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027, рекордни средства за повисоки пензии, подобро здравство, поквалитетно образование.

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики насочени кон граѓаните со инвестиции кои треба да обезбедат подобар животен стандард и посигурна иднина и тоа најдобро може да се види проекцијата на Буџетот за 2027 година.

Рекордни 123,8 милијарди денари се предвидени за исплата на пензии за следната година, односно 5,6 милијарди денари повеќе во споредба со 2026 година, додека за социјални надоместоци се планирани 14,3 милијарди денари.

Здравството, пак, останува една од клучните области во Буџетот за 2027 година, при што за здравствена заштита се предвидени 58,7 милијарди денари, што е зголемување за 2,8 милијарди денари во однос на претходната година.

За медицинска опрема се издвоени 198 милиони денари, што претставува зголемување од речиси 54%, а од нив, 115 милиони денари се наменети за набавка на нови медицински возила, додека 65 милиони денари се предвидени за проектот за новите клинички центри во Скопје и Штип.

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во образованието претставуваат инвестиции во иднината на државата, затоа во Буџетот за 2027 година предвидува повеќе средства за подобрување на образовниот процес, ученичкиот и студентскиот стандард, како и за модернизација на образовната инфраструктура.

Средствата за основното образование се зголемуваат за 20 проценти и достигнуваат 2,4 милијарди денари, додека за средното образование се предвидени 2,5 милијарди денари, што е раст од над 12%, додека за ученичкиот стандард се планирани 696 милиони денари, а за студентскиот стандард 1,9 милијарди денари.

Паралелно продолжуваат и инвестициите во високообразовната инфраструктура, меѓу кои довршувањето на објектите на ФИНКИ и изградбата на нов објект за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Особено значајно е зголемувањето на средствата за изградба, опремување и одржување на градинките, за што во 2027 година се предвидени 83,2 милиони денари, што е зголемување од 380% во однос на 2026 година.

Овие бројки покажуваат дека и со Буџетот за 2027 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките насочени кон потребите на граѓаните и создавање услови за подобар животен стандард, за пензионерите да имаат сигурност и достоинствен живот, семејствата да добиваат поголема поддршка, пациентите поквалитетна здравствена заштита, учениците и студентите подобри услови за образование, а младите повеќе можности својата иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер