Почнува 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge

Скопје викендов 10. пат е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој почнува денеска и ќе трае до 2 октомври. 

Хакатонот е можност за двајца учесници од победничкиот тим да ја посетат NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД, заедно со нивниот ментор.

Официјалното отворање е денеска од 12:00 до 14:00 часот во присуство на претставници од Амбасадата на САД. Предвидени се презентација на предизвиците кои ќе може да се изберат за време на хакатонот и бесплатна подготвителна работилница за поттикнување на работа во тим, решавање на проблеми и лидерство.

-Во земјава оваа година натпреварот ќе се одржи по јубилеен 10. пат. Традиционално го организира ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата, професори и наставници. Досега на хакатонот учествуваа над 1 500 млади таленти меѓу 15 и 29 години, а големо е задоволството што во последниве неколку години дури 40 отсто се девојки. Три наши тимови досега беа прогласени меѓу 40-те финалисти на натпреварот во глобална конкуренција од над 2 000 тимови што е многу значајно постигнување: Тимот Delta во 2017 година, како и тимовите Atom Z и EXCELerators во 2020 година, наведуваат организаторите.

Учеството на NASA Space Apps Challenge, освен во живо, со лично присуство, може да биде и онлајн.

Утре и задутре, на 1-ви и 2 октомври од 9:00 до 22:00 ќе се одржува 48-часовното хакатон натпреварување во решавање стем/спејс предизвици, а националното финале е на 4 октомври од 13:30-16:00.

Најдобрите решенија што ќе се креираат во 2022 година ќе се прилагодат за да можат во иднина да бидат користени и од страна на македонските основни и средни училишта како едукативен материјал кој ќе има за цел да ја поттикне љубовта кон STEM дисциплините кај помладите генерации.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер