Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море
1Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЖивотПочина д-р Кочо Серафимов, професор на Мадицинскиот факултет во пензија На 99-годишна возраст, на 24 мај 2021 почина проф. д-р Кочо Серафимов, редовен професор во пензија од областа дигестивна хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје, доајен на дигестивната хирургија во нашата земја и учител на многу генерацииД-р Серафимов докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, а се усовршувал во Лион (1959/1960), Минхен (1966/1967), Лондон (1978) и Осло (1982). Од 1977 година бил редовен професор на Мадицинскиот факултет. Бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија од 1975 до 1987, главен и одговорен уредник на „Акта хирургика Југославика" од 1971 до 1987. Објавил над 220 научни трудови, повеќе научно-стручни коавторски публикации и единствена монографија за хирургијата на жолчното ќесе. Добитник е на повеќе лекарски и општествени признанија, меѓу кои Хипократовата плакета на Сојузот на лекари на СФРЈ (1987) и Орден за заслуги со златен венец (1988) за врвен придонес во развојот на дигестивната хирургија. По повод смртта на проф. д-р Кочо Серафимов, на комеморација на Медицинскиот факултет вчера беше истакнато дека тој безрезервно ги пренесуваше своите знаења и искуства на студентите, особено на специјализантите. -Неговата исклучителна ерудиција и интелектуалност, секогаш дополнета со луцидна духовитост, целосна посветеност на хирургијата и наставата, срдечната комуникација со колегите, се карактеристики кои неговите следбеници долго ќе ги паметат и ќе бидат овековечени во нивните спомени. Медицинскиот факултет засегогаш ќе му остане благодарен на проф. д-р Кочо Серафимов за сé што творел и сé што направил преку својата самопрегорна работа и посветеност на факултетот, се наведува во комеморативното соопштение на Медицинскиот факултет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното мореКина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот. Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта. Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија. Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и потопло, со дневна температура до 32 степениВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупаВо Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор. Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу. Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook