Побарани парични казни за 53 лица во Скопје поради непочитување на полицискиот час - Канал 5

Побарани парични казни за 53 лица во Скопје поради непочитување на полицискиот час

Сите обвинети, како што соопшти Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

Побарани парични казни за 53 лица во Скопје поради непочитување на полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, како што соопшти Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра, стои во соопштението./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM проф. Д-р Драги Данев (1942-2026)

Денес, по кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година).

IN MEMORIAM проф. Д-р Драги Данев (1942-2026)

Драги Данев е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година. Во 1984 година е избран за редовен професор. Претходно, од 1966 до 1976 работел во Рудници и железарница во Скопје и во „Факом“, Скопје.

Драги Данев беше член на Сојузниот извршен совет на СФРЈ (Влада на поранешна Југославија) од 1986-1988, како и министер за сообраќај врски на СФРЈ и член на Владата на Југославија (1988-1989).

Автор е на над 150 научни трудови од областа на машинството. Учествувал во редица домашни и меѓународни научни проекти. Автор или коавтор е на книгите „Испитување на моторните возила“ „Упатство за изработка на влечна пресметка кај моторните возила“, „Испитување на моторните возила, упатство за лабораториски вежби“, „Моторни возила“, „Познавање на моторните возила“. Автор или коавтор е на учебниците „Конструкција на моторните возила“, „Пресметка на моторните возила“, „Теорија на движење на моторните возила“

Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се залагаше за унапредување на квалитетот на наставната и научноистражувачката работа на Универзитетот, како и за промовирање на интегритетот и автономијата на нашата најстара високообразовна институција.

Комеморацијата по повод заминувањето на проф. д-р Драги Данев ќе се одржи на 11 јуни 2026 година во 12.00 часот во просториите на Машинскиот факултет во Скопје

Сочувство од целиот тим на Канал 5 ТВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си-Ен-Ен: Трамп досега 37 пати најави договор со Иран, но тој сè уште не е постигнат

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека во „завршна фаза“ е постигнувањето на договор со иран за завршување на војната во Персиски Залив.

Си-Ен-Ен: Трамп досега 37 пати најави договор со Иран, но тој сè уште не е постигнат

Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор, објави утрово Трамп социјалните мрежи. Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена. Американскиот претседател од крајот на март досега, како што анализира Си-Ен-Ен, најмалку 37 пати изјавил дека договор меѓу САД и Иран е на повидок или дека Техеран е подготвен да го прифати, но и покрај ваквите најави, конкретен договор сѐ уште не е постигнат. Тој во повеќе наврати тврдеше дека Иран очајно сака договор и дека моли за договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР доби нови возила и опрема од ЕУ за борба против криумчарењето мигранти

Министерството за внатрешни работи доби опрема од европската програма за зајакнување на борбата против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан. 

МВР доби нови возила и опрема од ЕУ за борба против криумчарењето мигранти

Опремата е составена од 7 возила, 5 камери, 2 детектори за срцева активност која асистира во пронаоѓање на лица скриени во возила како и 30 електронски уреди за детекција на фалсифицирани лични документи. Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски вели дека на годишно ниво има неколку илјади нелегални мигранти кои транзитираат низ државава, но додава дека од година в година, оваа бројка се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер