3Македонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во Сараево
„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
2„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
ФудбалМанчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!Еден од најбогатите светски фудбалски клубови, премиерлигашот Манчестер Сити ја планира иднината и бара долгорочна замена за најдобриот фудбалер на Мундијалот, Родри, кој со години е клучна фигура во нивниот среден ред. Како главен кандидат за наследник на Родри, се спомнува талентиран играч на Барселона, Марк Бернал, иако англискиот тим е свесен дека трансферот би бил тешко остварлив; каталонскиот клуб нема намера да го продаде, пренесува Goal.com. Бернал, еден од најперспективните фудбалери од академијата „Ла Масија“ на Барселона, го привлече вниманието на Сити благодарение на квалитетите што го издвојуваат како потенцијален наследник. Претставниците на клубот сметаат дека тој поседува сè што е потребно за да доминира во средниот ред: одлично позиционирање, интелигенција во играта и способност да го диктира темпото. Токму овие вештини го направија Родри еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција. И Челзи и Арсенал се заинтересирани за 19-годишниот играч за врска, сметајќи дека тој поседува потенцијал за успех во Премиер-лигата. Сепак, трансфер во оваа фаза е малку веројатен. Барселона веќе потпиша договор со играчот кој важи до 2029 година – вклучувајќи и откупна клаузула од 500 милиони евра – а и самиот Бернал сака да остане на „Камп Ноу“. Според тоа, интересот на Манчестер Сити се толкува како дел од долгорочна стратегија, а не како намера за реализација на трансфер ова лето. Повикувајќи се на извори блиски до играчот, порталот „CaughtOffside“ пренесува дека Сити го гледа како идеално долгорочно решение за пополнување на улогата на Родри. Тие ги ценат неговата физичка сила, смиреноста со топката, способноста за игра под притисок и вештините за креирање игра – карактеристики што се совпаѓаат со стилот на игра на англискиот шампион.Тагови: БАРСЕЛОНА Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
БалканВучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана БрнабиќПретседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ. За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ. Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСаудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месецИзвозот на сурова нафта од Блискиот Исток се зголеми на 12,8 милиони барели дневно во септември – што претставува највисоко ниво од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран во февруари – според податоците објавени денес од компанијата „Kpler“.&nbsОва закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно. Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила дел од извозот подалеку од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако еден клучен нафтовод бил оштетен во напади. И покрај закрепнувањето, извозот од регионот останува за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога изнесувал 18,8 милиони барели дневно, известува „Kpler“. Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот извозник во регионот, овој месец да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. Во август, нејзиниот извоз изнесуваше само 2,446 милиони барели дневно. Испораките од пристаништето Рас Танура во Заливот се зголемија на приближно 3,6 милиони барели дневно во септември, што претставува пораст во однос на 929.000 барели дневно во август. Сепак, тие остануваат на пониско ниво отколку во февруари, кога од ова пристаниште се испорачуваа 6,411 милиони барели дневно. Податоците од компанијата „Kpler“ покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезува околу два милиони барели саудиска нафта. Овие бројки не ги вклучуваат пловилата што можеби поминале низ теснецот со исклучени транспондери за да избегнат откривање, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските млади информатичари ја заокружија успешната година за Македонија со бронзен медал и олимписка пофалба на олимпијадата во СараевоНово одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика.Ново одлично претставување на Здружението на информатичарите на Македонија, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика, преку резултатот на 19-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која од 22-ри до 28-ми септември се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, беше составен од натпреварувачите Зоран Илијоски од Кичево, Јаков Грујовски од Скопје, Панче Бансколиев од Струмица и Иан Стевков од Скопје. Тие беа предводени од лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во улога на претседател на БОИ иницијативата, дел од тимот беше и проф. д-р Миле Јованов од ФИНКИ. Овој тим освои еден бронзен медал и една олимписка пофалба. Заедно со овој резултат, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави. Членовите на македонскиот олимписки тим беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари кој редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија, годинава по 37-ми пат, а со поддршка на ФИНКИ, како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос Едукација. Официјален домаќин на олимпијадата е Босна и Херцеговина, во организација на асоцијацијата „Информатички олимпијади во Босна и Херцеговина“, а под генерално финансиско покровителство на државата. На олимпијадата учествуваат вкупно 55 натпреварувачи од следниве 10 земји членки: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција, како и од земјите гости: Саудиска Арабија, Украина и Велика Британија. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Зоран Илијоски, додека олимписката пофалница ја освои Панче Бансколиев. Следната, 20-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2027) ќе се одржи идната година во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook