По 33 години завршува производството на „Клио“ во Словенија! - Канал 5

По 33 години завршува производството на „Клио“ во Словенија!

 Производството на првата генерација на „Клио“ во Словенија започна во 1993 година, а до 1998 година беа произведени нешто помалку од 300.000 примероци.

По 33 години завршува производството на „Клио“ во Словенија!

Во јуни, последниот „Renault Clio“ излезе од производната линија во фабриката за автомобили „Revoz“ во Ново Место, Словенија.

Според агенцијата STA, во текот на 33 години во Ново Место се произведени точно 2.251.416 примероци на „Clio“ – што претставува речиси половина од сите автомобили произведени во „Revoz“.

Производството на првата генерација на „Clio“ во Словенија започна во 1993 година, а до 1998 година беа произведени нешто помалку од 300.000 примероци. Потоа следеше производството на „Clio 2“, од кој до 2015 година беа изработени нешто помалку од 1,5 милиони примероци. Следуваше двогодишен прекин кој траеше до 2017 година, кога започна производството на моделот „Clio 4“.

Произведени се нешто помалку од 163.000 примероци од овој модел. Во 2019 година започна и производството на „Клио 5“. До средината на јуни оваа година, кога од производната лента слезе последниот примерок, беа произведени нешто помалку од 300.000 возила, пренесува „Фена“.

Престанокот на производството на Clio во „Ревоз“ не значи дека е завршено производството на овој модел за Renault; всушност, производството на Clio 6 веќе е започнато во нивната фабрика во Турција.

Што се однесува до производството во Ново Место, „Ревоз“ сега се фокусира на електричниот Twingo – модел на кој ќе му се придружат уште два нови, помали автомобили што ја користат истата платформа.

Станува збор за Dacia Spring и уште еден модел на Nissan, чие име сè уште не е објавено. Во моментов, во Ново Место дневно се произведуваат околу 300 автомобили, а постојат планови за зголемување на производството на 500 возила дневно до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Арамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.

Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.

Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.

Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.

Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.

За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.

Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.

Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.

Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.

Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.

Истовремено, трошоците секојдневно растат.

Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.

Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.

Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.

Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.

Вака навистина никогаш не било.

Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри.

Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер