Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин - Канал 5

Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, погрешно го проценил своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин

- Претпоставувам дека тој погрешно ја проценил својата преговарачка позиција, изјави Писториус за германското радио ДЛФ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30-дневно примирје во Украина.

Европската унија во меѓувреме работи на следниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Писториус наведе дека останува да се види дали САД ќе се приклучат на тие мерки, со оглед на тоа што разговорите со Вашингтон продолжуваат по вообичаените дипломатски канали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија..

72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун.

Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер.

Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Руските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев..

„Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три лица претепале малолетник и го избоделе со нож во населба Ченто

На социјалните мрежи се споделува кратка видео снимка на која се гледа момче кое лежи на земја со траги од крв низ целото тело.

Три лица претепале малолетник и го избоделе со нож во населба Ченто

Неофицијално се работи за 14 годишно момче кое во парк во Ченто било седум пати прободено со нож и претепано до бессознание.

Според полицискиот билтен, за настанот во МВР добиле пријава пред полноќ на 22 јуни, кога на подрачјето на Гази Баба физички било нападнато малолетното лице и му биле нанесени повреди со остар предмет. Приведени биле напаѓачите, три лица со иницијали ј.ј., в.а. и В.С..

Според информациите се работи за полнолетни лица, а од обвинителството, до нив се уште не е стигната пријава од мвр за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер