1СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење
3Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
Шоу бизПинк Флојд постигна договор со Сони за продажба на музичкиот каталог, сумата е огромна Британскиот рок бенд Пинк Флојд постигна договор со Sony да го продаде својот музички каталог за речиси 400 милиони долари.Легендарната група се согласи да ги продаде правата на својот музички каталог, име и бренд, но не и правата на песните. На ова му претходеа повеќегодишни расправии околу деталите за продажбата меѓу преживеаните членови на бендот, пренесува Гардијан. Во 2022 година, Variety објави дека Пинк Флојд планира да ги продаде своите плочи и други средства во вредност до 500 милиони долари. Сепак, според весникот, потенцијалните купувачи го одложиле купувањето по интервјуто на басистот и основач на бендот Роџер Вотерс за списанието Ролинг Стоун во 2022 година, во кое тој дал контроверзни изјави за Израел, Украина, Русија и САД. Меѓу другото, Вотерс рече дека не е точно оти руската инвазија на Украина во 2022 година е „неиспровоцирана“. Русија го покани Вотерс да се обрати пред Советот за безбедност на ОН на почетокот на 2023 година, каде што тој го повтори тврдењето. Подоцна истата година, Вотерс беше под истрага од берлинската полиција затоа што носеше униформа во нацистички стил на концертот таму. Истата година, тој победи во правна битка и му беше дозволено да одржи концерт во Франкфурт, откако градот се обиде да го откаже настанот, нарекувајќи го Вотерс „еден од најпознатите антисемитисти во светот“. Вотерс секогаш ги негираше обвинувањата за антисемитизам. На почетокот на оваа година, Вотерс беше одбиен од компанијата за музички права BMG, која потпиша договор со музичарот во 2016 година, поради неговите коментари за Израел, Украина и САД. Каталогот на снимена музика на Пинк Флојд е еден од највредните во современата музика, според Variety. Најпознатите албуми на бендот се The Wall, Dark Side of the Moon, Wish You Vere Here, Animals и многу други. Во текот на изминатите неколку години, други уметници од висок профил, вклучувајќи ги Брус Спрингстин, Боб Дилан, Џастин Тимберлејк, Шакира, Red Hot Chilli Peppers и други, ги продаваа своите каталози на различни издавачки куќи. Претходно оваа година беше објавено дека Sony преговара за купување на каталогот на Queen. Забележано е дека музичкиот каталог на Пинк Флојд е еден од највредните во модерната музика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиењеХристијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски. Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште чекаме официјална потврда. Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат. Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија. Дали знаел и за другите места во Македонија? Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија - на планините и езерата. Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица. За загадувањето на Лепенец и Вардар - нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа - јавно призна кривично дело. Скопје, 02.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСалах пред трансфер во Трабзонспор Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“ досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах. Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот. Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Во Перу падна туристички авион,13 загинатиТринаесет лица загинаа денес при падот на мал туристички авион над археолошкиот локалитет „Наска линии“ во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс. Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над линиите Наска, но неколку минути подоцна ја изгубил врската со контролната кула, објавија локалните медиуми. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 people on board. Authorities said the aircraft was carrying 11 passengers and two pilots when it went down near the UNESCO World Heritage site in… pic.twitter.com/6yFqmtUDxs — Mighty News (@Mighty__News) August 1, 2026 Причините за падот на авионот сè уште се непознати, а локалните власти најавија покренувањеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter