АвтомобилизамPeugeot E-208 и e-308 се рангирани како најефикасни возила на пазарот за ADAC 2024 EcotestPEUGEOT со гордост објавува дека 100% електричниот PEUGEOT E-208 и PEUGEOT E-308 се рангирани на првото и на второто место од 84 модели на Ecotest 2024 од страна на ADAC (германска автомобилска асоцијација која е најголема во Европа). Оваа независна студија ја проценува ефикасноста на возилата во реални услови на возење. Овие исклучителни резултати ја демонстрираат способноста на PEUGEOT да ја постигне својата цел: да биде лидер за електрични возила помеѓу мејнстрим производителите во Европа. ALLURE: ADAC ја награди ефикасноста на возилата PEUGEOT. EMOTION: PEUGEOT го нуди најдоброто за своите клиенти при нивната транзиција кон електрични возила. EXCELLENCE: PEUGEOT E-208 и E-308 прогласени за најефикасни автомобили во Европa Секоја година, Еcotest што го спроведува престижната ADAC, независно ја мери ефикасноста на моделите кои се достапни на европскиот пазар. За оваа студија, ADAC ја мери потрошувачката на енергија на возилата во реални услови, во сообраќај. На изданието на Ecotest за 2024 година, ADAC ги рангираше PEUGEOT E-208 и PEUGEOT E-308 опремени со 100% електричен мотор од 115 kW (156 КС) на првите две места од 84 тестирани модели. Третото PEUGEOT на овој тест, PEUGEOT E-2008, опремено со истиот мотор, го зазема првото место меѓу SUV возилата, а помеѓу сите сегменти комбинирано одличното шесто место. Овие извонредни резултати ја покажуваат ефикасноста на 100% електричните модели на PEUGEOT. Тие се резултат на напорната и извонредната работа на инженерите и дизајнерите на брендот во сите сегменти: мотори, батерии, аеродинамика. Трите модели PEUGEOT претставени на Ecotest 2024 покажуваат потрошувачка на енергија што поставува стандарди во нивните сегменти: 16 kWh/100 km за PEUGEOT E-208, 16,3 kWh/100 km за PEUGEOT E-308, 17,9 kWh/100 km за PEUGEOT E-2008 за (бројки од ADAC Ecotest, вклучувајќи ја загубата при полнење). Овие PEUGEOT возила овозможуваат и опсег кој е меѓу најдобрите во нивната класа: 410 km за PEUGEOT E-208, 413 km за PEUGEOT E-308, 406 km за PEUGEOT E-2008 (WLTP комбиниран циклус). Како и сите 100% електрични PEUGEOT возила, и овие модели можат да се полнат од 20 до 80% за максимум 30 минути. Со 12 модели, гамата на 100% електрични возила на PEUGEOT е најголема од сите европски мејнстрим производители и една од најефикасните. Најновото достигнување во електричната ефикасност на PEUGEOT е новата верзија со долг опсег на PEUGEOT E-3008, каде е овозможен најдобар опсег од сите SUV возила до 700 km. Со овие моќни адути, PEUGEOT ја потврдува својата цел да биде лидер за електрични возила помеѓу мејнстрим производителите во Европа. А за да ги поддржи своите клиенти во нивната енергетска транзиција, PEUGEOT ja подобрува својата „електрична“ гаранција нудејќи на сите свои 100% електрични модели: 8-годишна / 160.000 km гаранција Allure Care* за целото возило. Гаранција на батеријата до 8 години / 160.000 km. Бесплатен ѕиден полнач* за полнење дома. Картица за полнење Free2Move Charge*, што овозможува пристап до 800.000 станици за полнење низ Европа. *Во зависност од земјатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Црна хроникаУапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната. Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОАОткако на својот сајт во информација за мегународна конференција СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква. Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година. „Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“ „Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“ Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook