Песна за возачка дозвола урива рекорди со 17 милиони слушања на ден (ВИДЕО) - Канал 5

Песна за возачка дозвола урива рекорди со 17 милиони слушања на ден (ВИДЕО)

Иако сме само на средината на јануари, песната ,,Возачка дозвола” многумина веќе ја нарекуваат хит на 2021 година.

Песна за возачка дозвола урива рекорди со 17 милиони слушања на ден (ВИДЕО)

Тоа е деби хит на 17-годишната ѕвезда на Дизни, Оливија Родриго, која веќе ги опустоши музичките топ листи, како и социјалните мрежи.

Ролинг Стоун пред неколку дена ја нарече „песна што треба да ја знаете“.

Носталгичната песна придружена со пијано полека се гради како приказна за тоа како 17-годишната девојка конечно ја добила возачката дозвола. Но, важната пригода е нарушена со скршено срце: таа требало да го прослави успехот со своето поранешно момче кое ја оставило поради „постара русокоса“.

Така, Родриго вози низ предградијата, скршена и лута, прашувајќи се дали некое од чувствата било некогаш реално. Песната е еден вид омаж на многу попознатата од Тејлор Свифт и нејзиниот албум Бестрашна. Свифт, исто така, ја сподели песната со своите следбеници, со што придонесе за овој музички „бум“.

YouTube video

Drivers License излезе пред една недела и досега има 26 милиони прегледи на ЈуТјуб.

Само три дена по објавувањето, песната го сруши рекордот на Spotify, со што стана песна (што не е со празнична тема) со најмногу слушања за еден ден. Станува збор за околу 15 милиони преслушувања. Еден ден подоцна песната го сруши сопствениот рекорд, со запишани 17 милиони слушања на ден.

„Не можеме да го споредиме ова со ништо досега“,објавија од Spotify за тој успех. "Спотифај никогаш не видел понов уметник толку доминантен од самиот почеток и само да расте. Тоа е невидено", изјавија од компанијата за Билборд.

Родриго ја започнала својата кариера на проекти во Дизни. Пред пет години, таа добила улога во Bizaardvark, а исто така имала и главна улога во средношколскиот мјузикл

High School Musical: The Musical: The Series.

.

17-годишното девојче било многу популарно меѓу тинејџерите уште пред оваа песна. Таа има милиони следбеници на „ТикТок“ и „Инстаграм“, а нејзината вирална слава и дава популарност на песната уште од првиот ден. Во тинејџерските кругови, одреден период се создал голем интерес околу врската на Оливија со нејзиниот колега од музичкото музичко училиште, Џошуа Басет, со кого во меѓувреме раскинала. Се шпекулира дека песната за возачка дозвола му е посветена нему, како што ја опишуваат нешто постарите генерации на социјалните мрежи.

"Ако Родриго пишува песни исто толку моќни како оваа кога има 17 години, можеме само да претпоставиме каде ќе оди понатаму. Веројатно тоа може да стане следното големо поп откритие", пишува Ролинг Стоун за младата музичка сензација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението.

Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година.

Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра

За операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. 

Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра

Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица.

Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти.

„Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“

Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги.

Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања.

Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата.

„Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија.

За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)

Британскиот актер и комичар Саша Барон Коен му се извини на казахстанскиот народ за улогата на Борат во истоимениот филм и рече дека ја почитува казахстанската култура.

Саша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)

Говорејќи во подкастот „Среќен, тажен, збунет“, актерот откри дека националноста на Борат била менувана неколку пати во текот на развојот на ликот, а првичниот план бил тој да биде Албанец.

Според него, на крајот бил избран Казахстан, бидејќи поголемиот дел од западната публика не била запознаена со таа земја, пренесе РИА Новости.

"За прв пат во мојот живот сакам да им се извинам на луѓето во Казахстан, бидејќи Борат нема никаква врска со Казахстан. Не сакав да ве навредам. Го почитувам вашиот народ и вашата култура. Ве молам, не го сфаќајте ова лично", рекол актерот.

Тој додаде дека не знае како звучи казахстански акцент и дека често му кажувале дека Борат не звучи како Казахстан.

Тој рече дека неговиот лик бил критикуван и поради неговите мустаќи, кои не се карактеристични за мажите кои живеат во Казахстан.

YouTube video

Филмот „Борат: Културни учења на Америка во корист на славната нација на Казахстан“ беше објавен во 2006 година.

Во контроверзниот филм, Коен игра казахстански новинар кој патува во Соединетите Американски Држави (САД) за да снима документарен филм.

Филмот беше забранет во кината во неколку земји, вклучително и Русија.

YouTube video

Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а Коен доби Златен глобус за улогата на Борат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер