Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
2Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
ЗабаваКога парфемот станува доживување: Гала вечер на Atelier Des Ors во СкопјеИма настани што претставуваат бренд, и има вечери што успеваат да го претворат неговиот свет во целосно искуство.Гала вечерта посветена на француската парфемска куќа Atelier Des Ors, во организација на Matoss Cosmetics, официјалниот увозник и дистрибутер на брендот во Македонија, дефинитивно припаѓаше на втората категорија. Концептот на вечерта беше изграден околу еден од најпрепознатливите симболи на Atelier Des Ors, златото. Не само како декоративен елемент, туку како нишка што ја поврзува филозофијата на брендот, парфемите, гастрономијата и целокупната атмосфера. Гостите уживаа во внимателно осмислена вечера во пет следа, претворена во вистинско гастрономско доживување. Дел од специјалитетите беа дополнети со јадливо злато, суптилна референца на 24-каратните златни честички што се еден од потписите на парфемите Atelier Des Ors. Молекуларните десерти, пенливите вина и шампањот дополнително ја заокружија вечерта во која гастрономијата и парфимеријата природно се сретнаа околу иста идеја, уживањето како форма на уметност. Atelier Des Ors е француска куќа за уметничка парфимерија основана во 2015 година од Jean-Philippe Clermont, со идеја парфемот да се врати во доменот на високото занаетчиство, естетиката и емоцијата. Во нејзината филозофија златото не е само визуелен код на луксузот. Тоа е симбол на потрагата по убавина, совршенство и трајност, а токму 24-каратните златни листови присутни во парфемите станаа еден од најпрепознатливите потписи на куќата. На вечерта присуствуваше и претставничката на Atelier Des Ors, Elise Pelletier, која ги поздрави гостите и ја доближи филозофијата на куќата, според која парфемот не треба да се доживува единствено како мирис, туку како простор за емоција, сеќавање и имагинација. Токму таа идеја, парфемот како уметност на живеењето, беше присутна во секој сегмент од вечерта. Пред гостите беше претставено портфолиото на Atelier Des Ors, а посебно внимание привлече Novae Vanilla, една од поновите креации на куќата. Инспирирана од златниот пресек и идејата за совршена пропорција што се повторува во природата и уметноста, композицијата ја гради својата приказна врз контрастот меѓу светлината и темнината. Во неа се среќаваат три различни интерпретации на ванила, NaturePrint® blue vanilla, Bourbon vanilla и Madagascar vanilla, со сончевата мекост на мимозата. Резултатот е ванила што излегува од очекуваната гурманска рамка и добива поминерален, посветол и пософистициран карактер. Меѓу гостите беа бројни инфлуенсери, соработници, пријатели и почитувачи на брендот, но она што ја издвои вечерта беше чувството дека ништо не е оставено на случајност. Од презентацијата на парфемите и гастрономскиот концепт, до најмалите визуелни детали, целиот настан изгледаше како дел од истиот внимателно режиран свет. И можеби токму тоа беше најсилниот впечаток од вечерта. На неколку часа Скопје изгледаше како природна адреса на еден светски niche perfume настан, со продукција и естетика какви што сме навикнати да гледаме во Париз, Милано или други големи европски центри. Без непотребна претенциозност, но со јасно чувство за мерка, детали и современ луксуз. Токму вакви настани му недостигаат на градот. Не само поради нивната визуелна привлечност, туку затоа што создаваат поинаква култура на доживување на брендот, во која производот не се изложува едноставно пред публиката, туку околу него се создава приказна, атмосфера и меморија. Парфемите на Atelier Des Ors се достапни во парфимериите Boudoir The house of Fragrance, каде македонската публика може да ја открие селекцијата на оваа француска куќа и нејзиниот препознатлив свет во кој парфемот, уметноста и златото зборуваат на ист јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШефицата на Европската централна банка поднесува оставка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија. Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)Британскиот актер и комичар Саша Барон Коен му се извини на казахстанскиот народ за улогата на Борат во истоимениот филм и рече дека ја почитува казахстанската култура.Говорејќи во подкастот „Среќен, тажен, збунет“, актерот откри дека националноста на Борат била менувана неколку пати во текот на развојот на ликот, а првичниот план бил тој да биде Албанец. Според него, на крајот бил избран Казахстан, бидејќи поголемиот дел од западната публика не била запознаена со таа земја, пренесе РИА Новости. "За прв пат во мојот живот сакам да им се извинам на луѓето во Казахстан, бидејќи Борат нема никаква врска со Казахстан. Не сакав да ве навредам. Го почитувам вашиот народ и вашата култура. Ве молам, не го сфаќајте ова лично", рекол актерот. Тој додаде дека не знае како звучи казахстански акцент и дека често му кажувале дека Борат не звучи како Казахстан. Тој рече дека неговиот лик бил критикуван и поради неговите мустаќи, кои не се карактеристични за мажите кои живеат во Казахстан. Филмот „Борат: Културни учења на Америка во корист на славната нација на Казахстан“ беше објавен во 2006 година. Во контроверзниот филм, Коен игра казахстански новинар кој патува во Соединетите Американски Држави (САД) за да снима документарен филм. Филмот беше забранет во кината во неколку земји, вклучително и Русија. Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а Коен доби Златен глобус за улогата на Борат.Тагови: Саша Барон Коен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter