Пензионерите ќе ја добијат финансиската помош во втората половина на декември - Канал 5

Пензионерите ќе ја добијат финансиската помош во втората половина на декември

Новиот пакет антикризни мерки не е за предизборни цели, туку реална помош во време на криза, вели министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, по низата реакции во јавноста. 

Пензионерите ќе ја добијат финансиската помош во втората половина на декември

Мерките стартуваат утре, пензионерите и примателите на социјална помош за кои министерството за труд и социјална политика има податоци првата финанасика помош ќе ја добијат во втората половина од месец декември. Според најавите од надлежните за дел од граѓани опфатени со мерките, исплати се планирани во месец јануари. Доколку некој смета дека е извоставен, Тренчевска вели ќе може да поднесе приговор или жалба.

„Ова не е пакет на мерки, финанасиска поддршка на граѓаните пред изборите, туку е наменета во периодот кога имаме зголемени трошоци на енергенси, кога се уште ги чувствуваме последиците од енергетската и ценовната криза, така да е наменета за поддршка за граѓаните...“ -изјави Јована Тренчевска – министерка за труд и социјлана политика.

Целиот пакет антикринзни мерки тежи 662 милиони евра, пари кој според Владата се предвидени во буџетите за 2023/2024 година. 156 милиони се наменети за над 440 илјади граѓани од ранливи категории, а од овие средства 16,3 милиони евра во пакетот е предвидена и за учениците и студентите до крајот на учебната, односно академската година, но ниту Тренчевска, ниту МОН, немаат информации за начинот на кој ќе може тие да се аплицира, но и кога ќе ја добијат првата финансиска помош.

„За начинот на кој учениците и студентите ќе можат да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетални информации во следните неколку денови. “ МОН.

Владата одвои трошки за граѓаните – обвинува опозициската ВМРО - ДПМНЕ ВО однос на мерките од 9тиот антикризен пакет

„Ова краткорочната помош на владата на СДС за пензионерите, студентите и средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1.500 денари кои владата и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите. “--изјави Марија Митева – ВМРО ДПМНЕ.

Пензионерите, кои со месеци протестираат и бараат линеарно покачување на пензиите од 5 000 денари, велат помошта од Владата е добредојдена, но не доволна, потребно е долгорочно решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер