Европските лидери на средба во Берлин- сакаат да дознаат што договори Трамп со Путин и Си - Канал 5

Европските лидери на средба во Берлин- сакаат да дознаат што договори Трамп со Путин и Си

Европските сојузници на Украина денеска се среќаваат во Берлин како дел од таканаречената Коалиција на волјата.

Европските лидери на средба во Берлин- сакаат да дознаат што договори Трамп со Путин и Си

Една од главните теми ќе бидат разговорите зад затворени врати што американскиот претседател Доналд Трамп ги одржа со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Трамп го слуша лицето со кое последен пат разговараше, а тоа ќе влијае на она што го кажува“, изјави европски функционер за Си-Ен-Ен претходно оваа недела, зборувајќи под услов да остане анонимен.

Претставниците на Трамп, исто така, пристигнуваат во Берлин

На состанокот ќе присуствуваат американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на Трамп. Се очекува тие да ги информираат европските лидери за разговорите во Кина.

Кушнер утрово изјави дека зајакнувањето на соработката со Украина и Европа, како и подготовката на агендата за следната рунда мировни преговори, се приоритети.

„Трамп е решен да ја заврши оваа ужасна војна и да постигне траен мир што ќе ја направи цела Европа побезбедна“, напиша Кушнер на социјалните медиуми.

Европски функционер: Сцените од Кина се ужасни за нас

Додека Кушнер зборуваше за соработка со Европа, Трамп се ракуваше со Путин и Си во Шенжен и ги пофали своите пријателски односи со двајцата претседатели.

„Секако, тие сцени се ужасни за нас“, изјави претходно за Си-Ен-Ен друг висок европски функционер.

Сепак, тој изрази помала загриженост за можноста тројцата лидери во Кина да постигнат некаков поширок договор.

Не е познато што е кажано на историскиот состанок за Украина

Средбата во Берлин започна околу 13:30 часот по локално време. Сè уште не е јасно колку Трамп, Путин и Си разговарале за Украина, заедно со други теми како што се нуклеарното оружје и војната со Иран.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори заедничкиот став на Киев и неговите европски сојузници.

„Имаме јасна, заедничка позиција: прашањата што се однесуваат на Украина мора да се одлучат со учество на Украина, а прашањата што се однесуваат на Европа со учество на Европа“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка.

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка, посветен на усогласување на заедничките чекори за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот на територијата на општината.

На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, претставници на Министерството за внатрешни работи и национален координатор од Владата.

Од Општина Крива Паланка присуствуваа градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб, како и претседателот на Советот на Општината, Миле Трајковски.

Разговорите беа насочени кон координација на надлежните институции и усогласување на натамошното постапување, заради заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните.

Разговорите и координацијата продолжуваат и во текот на утрешниот ден, со цел усогласување на заеднички став и утврдување на следните активности. За исходот од разговорите и договорените чекори, граѓаните и јавноста ќе бидат навремено информирани.

Општина Крива Паланка останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на конкретно постапување за трајно надминување на проблемот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи.

Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата.

Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.

Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области.

За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.

За неа, исто така, можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.

Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027–2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.

Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер