Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
1Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
3Коњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензии
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
СветТрилатерална декларација во Шенжен: Трамп, Путин и Си против нуклеарна војна и за реформи во ОННуклеарна војна никогаш не смее да се води. Ова е клучната порака од заедничката мировна декларација, за која се тврди дека ја усогласиле тројцата лидери на најмоќАмериканскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин за првпат седнаа на заедничка маса во кинескиот град Шенжен, каде што во фокусот на историската средба покрај нуклеарното разоружување беа глобалната безбедност,економските соработни но и војните во Иран и Украина. Средбата траеше речиси 80 минути, од кои само првите петнаесет беа отворени за медиумите, по што тројцата лидери ги продолжија разговорите зад затворени врати. -Ние испишуваме историја. Како претседатели на три од најголемите земји во светот, имаме посебна одговорност да одржуваме отворен, меѓусебно почитуван и конструктивен дијалог за прашања што ги засегаат не само нашите граѓани, туку и целата планета. Ниту еден проблем не бил решен, одбивајќи да се зборува за него. Ниту еден мир никогаш не бил постигнат со одбивање на можностите за дијалог – изјави Трамп. Но, покрај политичките пораки, светските медиуми будно го следеа и секој гест меѓу тројцата лидери. Од раката што Трамп му ја подаде на Си на подвижните скали, до појавувањето на руското нуклеарно куферче „Чегет“, кое пред камерите го носеше офицер од придружбата на Путин. Особено внимание привлече и одвоената, четириесетминутна средба на Трамп и Путин, пред заедничките разговори. – Кој е тој? Тој е мој пријател.... -Нашите три држави имаат заедничка одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност. Имаме бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина. Убеден сум дека Русија, Кина и САД и нашите народи можат да дадат значаен придонес за зајакнување на глобалната безбедност и стабилност, доколку соработуваат конструктивно, врз основа на меѓусебна почит, рамноправност и рамнотежа на интересите – изјави Путин. За домаќинот Си Џинпинг, средбата е можност трите светски сили да покажат дека разликите можат да се надминат преку дијалог, наместо преку конфронтација. „Историјата нè учи дека кога големите сили живеат во хармонија, во светот владее мир. Кога големите сили се судираат, светот запаѓа во хаос. Кина, Русија и САД треба да продолжат да ги охрабруваат страните во конфликтите да седнат на преговарачка маса.“ изјави – Си Џинпинг, претседател на Кина. Сепак, според светските медиуми, самитот стана можност Кина да ја зацврсти својата светска позицијата, додека Трамп бара дипломатски успех по изборниот пораз. Путин, пак, се обидува да ја пробие меѓународната изолација и да ја врати Русија на рамноправна маса со најголемите сили. Но, и покрај пораките за соработка, спротивставените интереси остануваат сериозна пречка за конкретни договори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЗдравјеДисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчињаДали медицинската сестра што пред неколку дена му пресече дел од палецот на новороденче наместо фластерот за инфузија пак ќе работи со бебиња на ГАК ќе одлучи дисциплинска комисија составена од доктор, адвокат и синдикален претставник формирана приОваа комисија има рок од 60 дена да даде заклучок, потврдуваат од ГАК, а додека трае постапката, сестрата која има искуство од 20 години е суспендирана од досегашната позиција и е префрлена во млечната кујна. Таткото на бебето, Аднан Азизи за Канал 5 вели дека добил уверување дека утре ќе му биде доставена целата медицинска документација и со неа случајот и официјално ќе го пријави во МВР, а потоа ја ќе поднесе тужбата до ГАК, со цел тоа што ѝ се случило на неговата ќеркичка Лејла да не се случи на друго бебе. -Утре ќе ги земеме. Професорот ми кажа да дојдеме во петок, утре ќе одам да ги земам сите документи, после ќе ги однесеме во МВР и потоа со адвокатот. Јас не ја знам сестрата (што му го пресекла прстот на детето), јас Клиниката ќе ја тужам, па како ќе каже судот понатаму, така ќе правиме. Јас и да ја познавам сестрата, работа со персоналот немам, имам со Гинекологија, затоа Клиниката ќе ја тужиме,- - Аднан Азизи – родител. Поради потврдата од страна на Клиниката за Гинекологија дека повредата се случила во болница што случајот го дефинира како „несакан настан“ здравствените власти сметаат дека со формирањето на дисциплинската комисија случајот ќе биде затворен и нема да има оформување на дополнително стручно тело, бидејќи е потврдено дека станува збор за грешка. Од вчера бебето е дома, на домашно лекување со антибиотици, а според појаснувањата тоа има пократок палец, бидејќи при операцијата била ампутирана дисталната фаланга на прстето, односно последниот коскен дел од палецот, за да може раната хируршки да се обработи и затвори. Родителите добиле насоки дека дури кога девојчето ќе наполни 15 или 16 години ќе може да се направи реконструктивна операција на пластична хирургија, со цел да се добие нормален изглед на палецот. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес. Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот. На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена, соопштуваат од Министерството за транспорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР - во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години.СВР Скопје поднело кривична пријава против П.Н. (47) и А.Т. (62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од МВР, во јули 2025 година пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник. Уште една кривична пријава е поднесена против 49-годишен скопјанец, кој се сомничи дека во февруари годинава силувал дете кое не наполнило 15 години. Повторувањето на ваквите случаи го отвора прашањето дали актуелните законски решенија и казни се доволни за заштита на децата. Па така, според адвокатот Александар Тумановски, потребно е да се посвети внимание и на временските рокови во кои треба да се завршат случаите кога силувањето врз дете го врши друг малолетник. Посочува и конкретен пример, кога случајот не добил правна завршница во законскиот рок. -Во законот за права на децата е предвидено да се заврши постапката за година и 6 месеци, државните институции, меѓу кои и судот не успеаја во тој рок...за жал жртвата има дупла виктимизација бидејќи не се осудени тие лица, постапката заврши со запирање на таа постапка против тие лица и со тоа жртвата остана жртва без остварување на своите права,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Државата да биде немилосрдна и во поглед на казните за силување на деца, смета Тумановски – истакнувајќи дека покрај високи казни, треба да се разгледаат и други казнени методи, кои би биле во согласност со меѓународното право. – Треба да се испита и меѓународната пракса во поглед на казнувањето – дали освен казнувањето се користат и други методи на казнување за таквите престапи за таквите лица кои извршуваат такви дела, така да се треба да стои во оптек за да се спречи полов напад на деца,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Со измените на кривичниот законик од 2014 година, се предвидуваше и хемиска кастрација за делото силување на дете, но во пракса, тој метод никогаш не беше применет. За силување дете кое нема 15 години сега се предвидени казни од најмалку 12 години, па се до доживотен затвор, а истата казнена политика е дел и од новиот предлог Кривичен законик кој допрва треба да влезе во собраниска процедура. И во актуелниот и во предложениот кривичен законик казните за силување на дете кое наполнило 15, а не наполнило 18 години се движат од најмалку 10 години, па се до доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook