Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
2Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
3МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
МетеоПекол во Британија: Температури повисоки од Барбадос Овој викенд во Велика Британија се предвидува топлотен бран со понатамошно зголемување на температурите, а како што предвидуваат метеоролозите, некои области ќе бидат потопли од Барбадос. Овој викенд во Велика Британија се предвидува топлотен бран со понатамошно зголемување на температурите, а како што предвидуваат метеоролозите, некои области ќе бидат потопли од Барбадос, па затоа е на сила жолто предупредување за снежна бура, објави денес Скај њуз. Извршниот орган за здравје и безбедност на Велика Британија објави дека од денес попладне е издадено жолто предупредување за топлина за делови од Англија. Предупредувањето, кое ги опфаќа Лондон, југоистокот, југозападот и истокот на Англија, е на сила до вторник во 20 часот. Специјално жолто предупредување за топлина е на сила и за Западен и Источен Мидлендс. Најновото временско предупредување доаѓа откако Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) издаде жолти предупредувања за топлина за делови од земјата претходно оваа недела. Жолтото временско предупредување значи дека веројатно ќе има зголемена побарувачка за сите здравствени и социјални услуги од страна на ранливите категории на населението и зголемен ризик по здравјето за лицата над 65 години или за оние со постоечки здравствени проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две деценииАмериканските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна. Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава. Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“. Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија.Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски прашан за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Фон Дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter