Пејачката и актерка Џесика Симпсон проговори за своите пороци - Канал 5

Пејачката и актерка Џесика Симпсон проговори за своите пороци

Побарај стручна помош, имаш деца – ѝ порачаа обожавателите!

Пејачката и актерка Џесика Симпсон проговори за своите пороци

Некогаш занесната русокоса и ѕвезда во подем, сега ги шокираше обожавателите со својот болен изглед.

Четириесет и двегодишната пејачка и актерка Џесика Симпсон реши целосно да се „разголи“ пред обожавателите на Инстаграм и на тој начин да се соочи со своите стравови.

Таа на својот профил на Инстаграм објави видео додека изведува своја песна, со напис во кој вели дека колку и да ѝ било тешко во последните 5 години ја научила најважната животна лекција:

-Најважното нешто што го научив во изминатите пет години е дека бегството од реалноста во алкохолот никако не е добро. Ми рекоа дека нема да се извлечам, но можам и секогаш ќе успевам да го пребродам тоа. Можам сè што ќе посакам, доколку ми значи, да се посветам на тоа – искрена беше актерката.

Иако многумина одамна ја отпишаа од музичката сцена, таа тврди дека е инспирирана и одлучна, и дека сè уште е присутна.

Како што наведува, сите имаме денови кога сакаме да бидеме, да изгледаме, да работиме и да се чувствуваме подобро.

- Никој не е сам кога се чувствува лошо, ве уверувам. И јас се разбудив вознемирена, несигурна и лута како некои од вас. Знам што ми одговара и што сакам, а тоа е да пеам. Сакам да погледнам директно во огледалото, право во своите очи и вистински да се видам и разберам. Сакам да се поврзам со секое отчукување на моето срце, сакам да бидам стабилна и силна, да се чувствувам добро самата со себе – беше искрена таа.

За крај, Џесика имаше еден мал совет за своите обожаватели.

- Живејте за своите соништа, остварете ги, не откажувајте се од себеси затоа што никој не може да направи повеќе за вас од вас самите. Останете верни на себеси, тоа ми успеваше досега во овој мој хаотичен живот. Никој и ништо нема да ми ја одземе радоста. Можете да ѝ се приближите, но таа е моја. А твојата радост би требалода биде само твоја – заклучува Џесика во емотивната објава што ја сподели со своите фанови на Инстаграм.

Покрај пораките со поддршка од своите обожаватели, таа доби и пораки со загриженост за нејзиното физичко и ментално здравје, преку кои обожавателите ѝ порачаа да побара стручна помош пред да биде доцна, затоа што има деца за кои треба да живее.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал.

ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа.

Програмата е организирана во пет модули, посветени на:

* лидерство, тимска работа и организација;

* комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки;

* јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки;

* финансии, буџетирање и економски показатели;

* политички менаџмент, организација и кампањи.

Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор.

На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија.

Како да се пријавиш?

Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на:

[email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата.

Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија

 Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме стигнале, како општество, во нашата обврска на секое дете да му овозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. 

Јаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија

Оваа Влада вети дека ќе ја подигне инклузивноста на воспитно-образовниот систем во целина, и тоа го правиме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап што се одржа во Собранието, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Зета – организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи.

Посочи дека оваа учебна година се ангажирани најголем број образовни асистенти досега: 1.602 во основните училишта низ државата и 176 во средното образование. Во тек е и постапка за ангажирање на дополнителен број на стручни лица за образовна асистенција.

„Во насока на подигнување на инклузивноста е и јакнењето на стручните служби во училиштата, преку ангажирање на потребен кадар. Паралелно ја подобруваме пристапноста во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за учениците со посебни потреби. Воведовме две нови категории студентски стипендии наменети за студенти со попреченост и со ретки болести“, додаде министерката.

Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, од минатата година функционира како ресурсен центар и таму работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници и стручни лица кои се обучени за образование на овие ученици со посебни образовни потреби.

„Оваа учебна година, во ова единствено училиште на ниво на државата, се запишани повеќе ученици отколку лани. Тоа говори за препознавањето на квалитетот на воспитно-образовната работа, можноста за добивање соодветна стручната помош и раст на довербата што родителите ја имаат во институцијата“, укажа министерката Јаневска.

Училиштето е опремено со најсовремена асистивна технологија, со заеднички ангажман и во соработка со општествено одговорни компании, што како практика треба да продолжи, затоа што многу е важно децата со посебни образовни потреби да имаат пристап до најновите алатки и технолошки решенија кои ќе им овозможат полесно учење, поголема самостојност и порамноправно учество во образовниот процес и во секојдневниот живот.

„Ограничените ресурси се главната пречка за подобри услови за квалитетна настава, но, тоа може да се надомести со поквалитетни обуки, подобра комуникација меѓу сите чинители и секако со стратешко унапредување на инклузивниот образовен систем“, додаде министерката Јаневска, нагласувајќи ја потребата за подигнување на јавната свест дека попреченоста не ја определува личноста и дека треба да градиме општество во кое секој млад човек ќе добие шанса за избор на сопствена иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар -  „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци.

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар - „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври.

Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата на 26 современи ракотворци и домашни креативни брендови, кои создаваат рачно направени уникатни производи во мали серии, со голема вештина, прецизност и посвестеност на секој изработен предмет.

На базарот ќе учествуваат: GAIA, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.

На едно место ќе бидат претставени разновидни рачно изработени производи – од модерен накит, современ филигран и накит од епоксидна смола и полимерна глина, до рачно насликана керамика, производи од кожа, дрво и природни материјали. Понудата ја дополнуваат органска козметика, миризливи свеќи, декупаж, декоративни предмети за домот, уметнички дела, детски рачни изработки и низа други оригинални производи кои се создаваат локално и носат современа естетика.

Зад секој од овие производи стои човек, идеја и време вложено во создавањето – токму она што масовното производство не може да го понуди. Базарот „Обоена есен, рачно создадена“ ја претставува разновидноста на домашната креативна сцена. Со организирањето на вакви тематски базари, Скопје Сити Мол продолжува да им дава простор и поддршка на локалните ракотворци и малите креативни брендови, овозможувајќи нивната работа да стигне до поширока публика и да стане дел од современата градска понуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер