Пејачка е на удар на јавноста поради првоаприлска шега: Невкусно и безобразно (ВИДЕО) - Канал 5

Пејачка е на удар на јавноста поради првоаприлска шега: Невкусно и безобразно (ВИДЕО)

Пејачката Сабрина Карпентер се најде на удар на критики поради првоаприлската шега што ја направи за време на концертот во Солт Лејк Сити.

Пејачка е на удар на јавноста поради првоаприлска шега: Невкусно и безобразно (ВИДЕО)

Имено, Сабрина е позната по импровизацијата на последните неколку редови од нејзината песна Nonsense, менувајќи го текстот секогаш кога ја изведува во живо.

Официјалниот текст на песната гласеше: „Оваа песна е позаразна од сипаници / Се обложувам дека твојата куќа е таму каде што ми е другиот чорап. Се разбудив утрово, мислев дека ќе напишам поп хит / Колку брзо можеш да ја соблечеш твојата облека?"

На концертот во Солт Лејк, Сабрина ја започнува воведната песна со стиховите: „Кренете раце ако живеете во Солт Лејк“ и продолжува со: „Каде набавувате алкохол во недела?“

Сепак, третата импровизирана шега на Сабрина ги изненади сите. На видеото од тој момент од публиката можело да се види како пејачката им соопштила на фановите „дека е бремена“, а во тој момент толпата која до пред момент навиваше, целосно замолкна. По еден момент Сабрина појаснила дека шокантното откритие било само шега.

„Среќен 1 април“, додаде таа.

@nataliejoyhixon salt lake nonsense outro 🤪🤭😍 #sabrinacarpenternonsense #sabrinacarpenteroutro #nonsenseoutrosabrinacarpenter #nonsenseoutro #emailsicantsendtour #emailsicantsendsabrinacarpenter #nonsensesabrinacarpenter @sabrinacarpenter ♬ original sound - nat

Нејзината првоаприлска шега не им се допадна на обожавателите, кои ја нарекоа „невкусна“.

„Кој ѝ кажа дека ова е добра идеја?“, „Ова е непристојно кон жените кои не можат да забременат, имале спонтани абортуси или моментално се бремени, но се изложени на висок ризик да го загубат своето бебе“, „Навистина грубо“. Ова во никој случај не е добра првоаприлска шега“, напишаа коментаторите на социјалните мрежи.

Сепак, имало и такви кои застанаа во одбрана на пејачката.

„Сите сте толку чувствителни, боже мој“, „Потсетување: Сабрина не должи ништо на некој што се бори со бременоста“, „Дали јас сум единствената што мисли дека ова не е голема работа...или дури и нешто? " напишале тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Односот меѓу Кристијано Роналдо и новиот тренер на Ал Наср, Анге Постекоглу, е затегнат по само три кола од новата сезона. 

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Тензиите станаа очигледни за време на натпреварот во вторникот, во кој Ал Наср успеа да ја надомести негативата од два гола и да го победи Ал Етифак со 3–2 – но дури откако Постекоглу го остави Роналдо во соблекувалната на полувремето.

Актуелните шампиони се најдоа во неволја уште во 12-тата минута, кога голманот Бенто беше исклучен поради тоа што го собори Муса Дембеле надвор од шеснаесетникот. Ал Етифак ја искористи бројчаната предност и до полувремето поведе со 2–0 со головите на Ондреј Дуда и Алваро Медран. Роналдо, кој за првпат сезонава беше стартер, замина на паузата видно фрустриран; додека одеше низ тунелот, гестикулираше и ја симна капитенската лента.

Постекоглу потоа одлучи да го задржи 41-годишниот напаѓач на клупата, потег што се покажа како исправен. Садио Мане намали на 2–1 во 74-тата минута, а само три минути подоцна, Абдулелах Ал-Амри израмни. Мане го комплетираше пресвртот и ја обезбеди победата за Ал Наср со својот втор гол во 90-тата минута. Роналдо не учествуваше во прославата по натпреварот, а тренерот Постекоглу одби да ја коментира одлуката да го замени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

Говор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот.

На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори.

Јавно претпријатие за државни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер