Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд - Канал 5

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Ричард Бароус, кој го украл идентитетот на тешко болен човек и бегал од правдата речиси три децении, е прогласен за виновен по 54 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Бароус побегнал од Британија во 1997 година за да избегне судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба на деца.

Сепак, по 27 години во бегство, тој е уапсен минатата година на аеродромот Хитроу во Лондон, а сега е прогласен за виновен пред судот Честер Краун.

Тој малтретирал малолетни момчиња во интернат и како водач на извидници.

На судењето било слушнато како Бароус малтретирал момчиња на возраст од девет години додека бил учител во интернат во Чешир и како водач на извидници во Западен Мидлендс помеѓу доцните 1960-ти и средината на 1990-тите.

Бароус признал 43 од 105 обвиненија, додека обвинителството отфрли осум точки од обвинението. Тој ги отфрли преостанатите 54 обвиненија, но поротата го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

Осумдесетгодишникот од Бирмингем треба да биде осуден на 7 април.

Речиси три децении бегство и живот под туѓо име

Бароус исчезнал во 1997 година пред да може да му се суди за сексуални злосторства на деца. Полицијата со години се обидувала да го пронајде, но безуспешно.

Неговите злосторства се делумно поврзани со неговата работа во интернатот во училиштето Денесфорд во Чешир од 1969 до 1971 година, како и со извидничките групи во Сатон Колдфилд и Стритли. Злоупотреба се случила и за време на извиднички патувања во Велс, Рос-он-Вај, Котсволдс и Лондон.

На судењето тој тврдел дека побегнал во Тајланд затоа што сакал да плови и дека не извршил никакво злосторство. Тој исто така рече дека решил да се врати во Британија по 27 години бидејќи останал без пари.

Пронајден благодарение на напредната анализа на фотографии

Полицијата во Чешир конечно го пронашла во 2023 година користејќи специјализиран софтвер за анализа на слики на Интернет.

Откриле дека тој го користел лажното име Питер Смит додека живеел во Пукет, Тајланд. Понатамошната истрага открила дека Бароус го украл идентитетот на тешко болен човек и незаконски добил пасош во 1997 година.

Додека британските власти го подготвувале процесот на екстрадиција, откриле дека Бароус планирал сам да се врати во Британија, што овозможи негово апсење во Хитроу.

Полицијата: Ги оставил своите жртви да страдаат додека живеел во рајот

По пресудата, детективот Елеонор Аткинсон од полицијата во Чешир рече дека Бароус систематски ги малтретирал своите жртви и потоа избегал за да ги избегне последиците.

„Наместо да се соочи со последиците од своите постапки, тој побегна како кукавица и го искористи украдениот идентитет на болен човек“, рече таа.

Таа нагласи дека Бароус поминал речиси три децении „живеејќи во рај“, како што тој самиот го опишал својот живот во Тајланд, додека неговите жртви биле оставени да се справат со траумата и да се обидат да ги обноват своите животи.

Посебно е трагично што четворицата жртви не ја добиле правдата бидејќи починале пред да го видат на суд.

Рудигер се извини за своето однесување во поразот од Барселона

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување на крајот од синоќешниот натпреварот против Барселона во финалето на Купот на кралот.

Рудигер се извини за своето однесување во поразот од Барселона

Германецот, кој веќе беше заменет, доби црвен картон откако фрли кесички мраз кон судијата Рикардо де Бургос, а неговите соиграчи од клупата го спречија физички да се пресмета со арбитерот.

Рудигер реагираше незадоволен од одлуката на судијата да го запре ветувачки напад на Реал во самиот финиш, кога Барселона водеше со 3-2. Со овој резултат натпреварот заврши, а каталонскиот клуб на крајот ја освои својата 32 титула во Кралскиот куп.

„Нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа“, објави Рудигер на социјалните мрежи.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар, особено во второто полувреме. По 111-тата минута повеќе немав можност да им помогнам на соиграчите и пред последниот свиреж направив грешка. Се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, додаде Рудигер.

Шпанските медиуми наведуваат дека Рудигер го очекува казна од четири до 12 натпревари./МИА

Во Тирана одржана промоција на македонско вино и вински туризам, одекнуваше и македонско оро

 Во Тирана, попладнево, во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура" беше одржана промоција на македонско вино и вински туризам, во познатиот објект „Пирамида".

Во Тирана одржана промоција на македонско вино и вински туризам, одекнуваше и македонско оро

Организаторите, македонската амбасада и македонскиот КИЦ, не го кријат задоволството од масовната посетеност и позитивните оценки на присутните.

-Денес, со голема возбуда и радост го одржавме настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам. Во преубава атмосфера, големиот број присутни имаа можност да уживаат во богатството на нашите врвни вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија, рече за МИА, Љуфтим Спахиу, вршителот на должноста македонски амбасадор.

Настанот помина во одлично расположение, исполнет со дегустации, интересни презентации, едукативни предавања и средби со претставниците на винариите.

Видно беше чувството на задоволно од квалитетот на македонските вина, од богатата понуда на вински тури, како и од прекрасната културна програма која го заокружи ова незаборавно искуство.

-Овој настан ја покажа големата љубов, труд и традиција што ја носиме како винска дестинација и ја потврди важноста да се поддржува и промовира македонскиот вински туризам на домашен и меѓународен план, оцени Спахиу.

Дополнителна убавина на настанот му даде настапот на фолклорната група од Пустец облечени во македонски народни носии, кои со својот настап внесоа дух на традиција и гордост, збогатувајќи ја целата атмосфера.

-Посебно задоволство и гордост е што нашата фолклорна група пред посетителите претстави дел од богатиот фолклор и преубавите носии. Македонската музика одекнуваше во центарот на Тирана, на влезот во познатиот објект „Пирамида", место каде што е големо присуството и на странски туристи. Очекуваме вакви настани да се одржуваат и во иднина и во други градови во Албанија, рече за МИА, Васил Стерјовски, лидер на македонската партија, МАЕИ, кој заедно со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски присуствуваа на овој настан.

Според Стерјовски Македонците имаат што со гордост да презентираат и да се пофалат, а тоа е фолклорот и богатите носии и од Голо Брдо и Гора, населени со Македонци.

На денешниот настан беше поставен и штанд со промотивни материјали за изучување на македонскиот јазик на Лекторатот при Универзитетот во Тирана и промотивни материјали на македонските друштва и весници. /МИА

Денеска 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје. 

Денеска 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

При контролата санкционирани се вкупно 96 учесници во сообраќајот, од кои изречена е 41 мерка за возење со брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возачи на мотоцикл кои управувале без заштитна кацига, четири мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење мотоцикл без поседување на дозвола со соодветна категорија, две мерки за малолетни лица за управување мотоцикл кои при тоа немале положено возачки испит за познавање на сообраќајните знаци и правила на сообраќајот, а едно лице било приведено во полициска станица за утврдување на идентитет за сторен сообраќаен прекршок по член 211 поради непочитување на знаци и наредби од полициски службеници и 31 мерка по други сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта.

притисни ентер