МакедонијаПазарниот инспекторат за една недела открил седум неправилности кај трговците со пелетиИнспекторите се пуштија на терен во пресрет на грејната сезона. Од ДПИ за Канал 5 велат дека од 22 до 28 јули направен е 131 инспекциски надзор на трговци со пелети низ целата држава каде за речиси само една недела се утврдени 7 прекршоци, меѓу кои се и фирми кои немале дозвола за вршење на дејност. Директорката Димоска, вели и дека при инспекциите за да се спречи неоправдано зголемување на цените на пелетите и на огревното дрво во пресрет на зимава, е утврдено дека цената на пелетите се движи од 15 до 26 денари по килограм, односно од 220 до 390 денари за вреќа од 15 килограми во зависност од пелетите. Кај два субјекти утврдено е дека за објектот, односно местото каде што се врши трговијата нема доставено пријава до државниот пазарен инспекторат за отпочнување со вршење на дејност, за што секако има преземено мерки, меѓутоа, секако веќе доставена е пријава до државниот пазарен инспекторат. Поскапувањето на пелетите и струјата доведе до зголемена побарувачка на огревно дрво, а според пазарните информации цената кај приватниците изнесува околу 4.700 за буково дрво и околу 4.800 денари дабово дрво од метар кубен. Неправилности се пронајдени и кај продавачите на огревно дрво, меѓу кои се лоцирани и оние т.н. диви продавачи на огревно дрво. Кај голем број на складови кои што ги имаме како информација дека постојат, каде што имаме утврдено дека дел од тие складови каде што се врши продажба на огревно дрво имаат нерегистрирана дејност. Најдени се одредени неправилности, не само по однос на нерегистрирана дејност туку и по други основи каде што сме надлежни како ДПИ. Голем дел од граѓаните ги искористија субвенциите кои изминативе години општините ги нудеа за набавка на печки, па оттаму се зголеми и побарувачката на овој огревен материјал што доведе до проблем за набавка на неопходната количина. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, неодамна на прес-конференција на трговците со пелети им порача дека ќе бидат јавно објавени доколку направат обид за вештачки недостиг и ги кријат залихите од пелети по магацини за зимава да ги продаваат по повисока цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ХороскопДневен хороскоп за 30. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 30 . септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници. Кариера Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате. Здравје Радувајте се на она што е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас. Здравје Не се сомневајте ,туку работете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна. Кариера Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти. Здравје Се е во ред. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство. Кариера Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи. Здравје Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни. Кариера Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Здравје Мала главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение. Кариера Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте. Здравје Имајте малку повеќе верба. Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. Кариера Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен. Здравје Средете го ритамот на работата и одморот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат. Кариера Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки. Здравје Уживајте во секој момент. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни. Кариера Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење. Здравје Премногу се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Кариера Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно. Здравје Поработете на вашето трпение. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас. Кариера Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите. Здравје Бидете искрени кон сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Богданка Кузеска и Валентин Манасиевски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богданка Кузеска и Валентин МанасиевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛуѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хитНајпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.На Reddit се разви дискусија околу едно хипотетичко сценарио: што би направиле ако таткото на вашиот партнер/ка кој е милијардер ви понуди шест милиони долари за да ја прекинете врската? Прашањето беше објавено на подфорумот r/AskReddit и набргу предизвика низа духовити, цинични и прилично безобѕирни одговори. „Побарај 10 милиони“ Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“. Следуваа и подетални предлози. Еден корисник напишал дека прво би ја покажал понудата на партнерката за да открие што се обидува да направи татко ѝ. Потоа прокометирал дека заедно би можеле да смислат начин да „извлечат повеќе пари од старецот“ пред да побегнат заедно. Друг корисник отишол многу подалеку, шегувајќи се дека со тие пари би можеле да „ангажираат платен убиец“, што би довело до она што тој го опишал како „заедничко гарантирано уништување“. „Но, таткото може да си дозволи повеќе платени убијци“, возвратил друг корисник. Некои споделиле искуства од реалниот живот Еден од корисниците претпоставил дека таквата понуда всушност би можела да биде тест. Тој се присетил како неговиот татко еднаш направил нешто слично со едно момче што се гледало со неговата сестра. Наводно, таткото му понудил неколку стотици долари (или повеќе) за да ја прекине врската со неговата ќерка, бидејќи сакал таа да го продолжи образованието, а врската да не ѝ ги попречи плановите. „Момчето ги зеде парите, а еден час подоцна сестра ми му се јави на татко ми плачејќи дека дечко ѝ ја оставил“, напишал корисникот, додавајќи дека верува оти татко му постапил правилно. Во друг коментар, еден корисник споделил приказна за поранешен колега кој, според него, не бил особено бистар, но направил една многу паметна работа во животот: се оженил со ќерка на милијардер. Тој, наводно, првично го советувал колегата да не се впушта во врска со ќерка на толку познат и богат човек, но колегата не го послушал. Подоцна тој ја изневерил, а бракот завршил со развод. Корисникот се присетил дека по разводот на бирото кај својот колега видел чек за алиментација од 25.000 долари, тврдејќи дека тој износ го примал секој месец и требало да го добива до крајот на животот. Многумина прашале зошто тој воопшто сè уште работи, со оглед на тоа што со таков месечен приход лесно би му овозможил да се пензионира. Други пак коментираа дека им е чудно што милијардерот не инсистирал на предбрачен договор. „Би уживал во моите шест милиони“ Некои учесници во дискусијата немале дилеми. „Би уживал во моите шест милиони долари“, напишал еден корисник, добивајќи повеќе од 300 гласови. Друг бил уште подиректен: „Ако еден милијардер не те сака во своја близина, нема ни да бидеш таму“. Судејќи според коментарите, шест милиони долари навистина би биле доволно силна причина за многумина да стават крај на врската. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11