ЖивотОвој човек има 18.7 милијарди долари и може да купи буквално сè, освен една работа! Се развел трипати, а има и еден куп бизарни навики!Ел Валид бин Талал е 67-годишен саудиски принц и еден од најбогатите луѓе на планетата. Неговото богатство се проценува на 18,7 милијарди долари. По Илон Маск тој е најголемиот акционер на Твитер. Талал е роден во саудиско кралско семејство на 7. Март 1955 г. Неговиот дедо по мајка бил првиот премиер на Либан, додека пак неговит дедо од таткова страна ја Саудиска Арабија. Се школувал на Менло колеџот во Калифорнија. Наследил големо семејно богатство и има бројни инвестиции – од луксузни хотели ширум светот до инвестиции во мали компании кои би му донеле големо богатство. View this post on Instagram A post shared by الوليد بن طلال (@prince_alwaleed.bin_talal) Зад себе има три пропаднати брак, но постојат теории дека последната сопруга Амира никогаш не ја преболел. Амира е помлада од него 27 г. Ја запознал кога имала само 18 г., додека го интервјуирала за школскиот весник, а 9 месеци подоцна се венчале. Тоа е единствената жена која јавно ја експонирал, но се развел од неа во 2013 г. под притисок на јавноста затоа што убавата принцеза не сакала да живее по наметнати, строги правила. Набргу по разводот таа се премажила, но и ден-денес тие се во одлични односи. Ел Валид не крие дека е „брутално“ богат. Тој поседува возен парк со луксузни лимузини, приватен авион и неколку јахти, а омилена му е онаа што ја купил од Доналд Трамп. Имено, јахтата „Кралство“ е долга 85,9 метри, била изградена за еден саудиски трговец со оружје, а во 1983 година се појавила во филмот за Џејмс Бонд, „Никогаш не кажувај никогаш“. Му била продадена на Доналд Трамп, кој ја преименува во „Принцезата на Трамп“, а Ел Валид ја купил по финансиските проблеми на американскиот милионер. Јахтата располага со диско, кино, хелиодром, базен, соби за гости и бројни други содржини. Саудискиот принц има необични животни навики. Спие 5 часа дневно, од 4 ч. до 9 ч. наутро, јаде само еднаш во текот на денот и тоа во 20 ч., а според извор близок до палатата тој како средновековните монарси ангажира луѓе со џуџест раст да го забавуваат. Колку тоа да им звучи чудно и бизарно на обичните луѓе, ваквиот чин во Саудиска Арабија се смета за добродетелство бидејќи луѓето со посебни потреби единствено така би можеле да заработат за живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter