Отворена иновативна еко зона во Центар - Канал 5

Отворена иновативна еко зона во Центар

 Направивме три вакви паркови со паметни клупи, со сензори кои го детектираат квалитетот на воздухот, со полначи за мобилни телефони, а овие смарт клупи се напојуваат со сончевата енергија. 

Отворена иновативна еко зона во Центар

Иновативна еко зона во чиј склоп се поставени смарт клупи со сензори за квалитет на воздух и кои се напојуваат од сончевата енергија и имаат бесплатен вифи интернет беше отворена денеска во центарот на Скопје, како дел од проектот „Еко иновативни зони за почист воздух".

На отворањето на еко зоната која се наоѓа на „8 Ударна Бригада 2", денеска присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.

– Направивме три вакви паркови со паметни клупи, со сензори кои го детектираат квалитетот на воздухот, со полначи за мобилни телефони, а овие смарт клупи се напојуваат со сончевата енергија. Комплетно еколошки проект, а дополнително овој простор и се зазелени. Сметам дека направивме три многу убави еколошки катчиња во Скопје, со тоа придонесуваме и како Министерство за подобар амбиентален воздух, рече Милевски, повикувајќи ги сите жители на Скопје да размислуваат еколошки и да сфатат колку е значајно да се води сметка за квалитетот на воздухот и почвата.

Амбасадорката Сутер посочи дека инсталациите се финансиски поддржани од Швајцарската амбасада преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој по иницијатива на граѓанската организација Гоу Грин.

– Среќна сум што ја гледам оваа соработка меѓу Општината и граѓанскиот сектор кои заедно изработуваат вакви иновативни проекти. Интересно е што тука има можност граѓаните да седат на клупите и да ги полнат нивните телефони, исто така да го проверуваат квалитетот на воздухот. Затоа ги покануваме сите граѓани да ја посетат оваа инсталација и другите три инсталации кои ги имаме во градот Скопје, да уживаат во зеленилото, да селектираат отпад и да уживаат во еден поодржлив начин на живот, рече Сутер.

Горјан Нацевски од Гоу Грин нагласи дека целта на проектот била да создадат еко иновација со која ќе допрат посебно до младите луѓе во централното градско подрачје и ќе покажат дека има начин како може да се користи обновлива енергија за секојдневните активности.

– Овие клупи користат сончева енергија, покажуваат информации за квалитет на воздухот, што е многу важно за нашиот град и една од главните цели на Гоу Грин. За овој проект да добие уште подобар изглед се погрижи Фондот на холокаустот на Евреите кои донираа 20 дрвја од типот јапонска цреша кои очекуваме кога и да е да расцветаат и тогаш улицата да добие комплетен изглед, рече Нацевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

Од 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери.

Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница.

Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и Студеничани

Се уште е сериозна состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот Моране, Вртекица и Рамни Габер ко Палиград. 

Сериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и Студеничани

Активни се пожарите во гостиварскот село Трново, над селото нежилово општина Чашка. Во текот на деноноќието се изгаснати уште 25 пожари на повеќе локации низ земјава. Заради ветерот што дуваше од овој дел на градот, вчера целата скоспка котлина беше покриена од густ чад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер