Отворен 37. Саем на книгата: Во време на дигитални лавини книгата останува моќен отпор - Канал 5

Отворен 37. Саем на книгата: Во време на дигитални лавини книгата останува моќен отпор

Книгата е продолжение на нашата колективна свест. Книгата е и отпор против заборавот, крвоток на културата, столб на демократијата и учител кој никогаш не заминува во пензија. 

Отворен 37. Саем на книгата: Во време на дигитални лавини книгата останува моќен отпор

Во време на дигитални лавини, наслови што трепкаат, информации што исчезнуваат побрзо отколку што се појавиле, книгата останува тивок, но моќен отпор. Таа не нè преплавува – таа нè обликува. Не ни кажува што да мислиме, туку нè учи како да мислиме, порача денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, отворање на годинешното 37. издание на Саемот на книга во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Саемот, под слоганот „Храна за душа“ ќе трае до 14 мај. Најавени се над 65 издавачки куќи и повеќе од 110 промоции и средби со автори.

Според Љутков, годинава Саемот на книгата добива уште поголема тежина, затоа што се совпаѓа со значаен јубилеј – осумдесет години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Овој историски чин, како што рече, не беше само лингвистички подвиг, туку цивилизациски скок.

-Благодарение на визионерите, како Круме Кепески, Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ и други, македонскиот јазик доби свои темели, а со тоа – и македонската книга доби свој автентичен глас. Денес, кога листаме страници испишани на јазикот на нашите мајки и дедовци, ние ја чествуваме не само нивната борба, туку и нашата иднина. Нема иднина без јазик, а нема ниту јазик што опстојува без своја книжевност, рече Љутков.

Како што рече, книгата е најголемиот дар што една нација може да си го подари себеси.

-Ова не е само саем на книгата. Денешниот ден е своевиден празник. Празник на слободната мисла. На различноста. На љубопитноста. На тишината која зборува. На јазикот кој живее, додаде Љутков.

Тој потврди дека како македонска Влада и Министерство за култура и туризам, ќе ја продолжат нивната посветеност кон поддршка на издаваштвото, промоција на читањето меѓу младите, и заштита на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање напомена дека токму Саемот е обид за културен натпревар на народите.

-Саемот на книгата секоја година е како некоја крстосница на македонска, на балканска, на европска и на светската книжевност, и мислам дека со години е врвна културна институција. Токму книгите кои ги читаме, а особено оние книги на кои се навраќаме, ги препрочитуваме, зборуваат повеќе за нас, за нашите идеи, за нашите идеали, отколку која било напишана биографија или CV, или особено профилите на социјалните медиуми, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, прашањето со кое денес се соочуваме, не е само кои книги ги читаме, туку колку време имаме и издвојуваме за читање.

-Времето во кое живееме, некои социолози со право го дефинираат како „ера на расеаност“. Мислам дека без слободно време нема читање на книги, а без читање на книги, нема размислување. Ние не можеме да се посветиме на едно од најважните прашања. Читањето на книгите. Се поголем дел од нас, не само од македонската популација, се одалечува од книгата и конзумира некакви си исечоци, фрагменти на социјалните медиуми, и таму доминира сензационализмот, но во него нема суштина, рече Сиљановска Давкова.

Тоа е, како што подвлече, нешто страшно и нешто што ќе не отапи, бидејќи откажувањето од читањето, значи откажување од размислувањето и ако така продолжиме, тоа ќе не доведе до духовен и интелектуален банкрот.

-Овие приказни, овие книги, се столбот на нашиот идентитет. Тие се наративни мапи, што ни помагаат да се ориентираме во животот, да го разликваме доброто од злото, вистинитото од лажното, вредното од безвредното, рече претседателката.

Управителката на Скопски Саем, Даниела Глигоровска рече дека овие денови Арената „Борис Трајковски“ ќе биде многу повеќе од простор за изложување. Тоа ќе стане голема библиотека под отворено небо на идеи, емоции и откритија.

-Тука, на секој штанд, во секоја насмевка на издавачите, во секој разговор со авторите, се крие нешто што не се купува, а тоа е љубовта кон пишаниот збор. Книгите се патувања што ги почнуваме без да го напуштиме своето место, каде што ги читаме. Тие се мост меѓу генерации, култура, срце, рече Глигоровска.

Оваа година, Министерството за култура на Република Србија, преку Амбасадата на Република Србија во нашата држава, има свое учество и свој штанд на Саемот.

Министерот за култура на Република Србија, Никола Селаковиќ кој денеска присуствуваше на Саемот, во своето обраќање напомена дека книгите и писмото се врска меѓу небото и земјата, врска меѓу народите и врска на човечката душа и знаењето.

-Ние сме навистина народи на книгата. На изворот на нашиот идентитет и од почеток на нашата државност, се наоѓаат вредностите што книгата ги претставува и ги чува, рече Селаковиќ.

Тој додаде дека српско-македонските книжевни врски не се ниту скорешни, ниту површни.

-Во својата приказна „За Кичевско е, за Македонско е“ посветена на ловецот Мачо, Раско Петровиќ, еден од најдобрите писатели на српскиот модернизам, кој како гимназијалец заминал на фронт во Првата светска војна, ја поминал Албанија, а подоцна ја запознал и Македонија, пишува: Ех, мој господине професор. Македонија е страшна земја, но и прекрасна. Чудни ѕверки уловивме тој ден. Би си рекол некој, ѕверилник, но и поезијата тука пее тивко. Секоја година кога ќе дојдам кај неа, ја допирам на миленичката почвата со рацете. Не знаеш ти, што е земја Македонија, додаде Селаковиќ.

Според него, не случајно токму некои од најдобрите српски писатели напишале такви литературни дела, бидејќи културните врски, блискоста и разбирањето, се доминантата на српско-македонските културни односи.

-Драго ми е што по пауза од 11 години, Република Србија повторно се појавува како изложувач на 37. Саем на книгата во Скопје. Причината за тоа ја најдовме и во фактот што со години наназад, делата од српските писатели најмногу се преведуваат токму на македонскиот јазик, рече Селаковиќ.

Тој напомена дека српската литература е присутна и видлива во македонската културна јавност и во пост југословенската ера.

-Тоа не обврзува и нас, покрај сестрано добрите политички, стопански, здравствени и туристички врски, да ги унапредиме и врските на наши две култури. Се надевам дека наскоро ќе можеме да бдиеме домаќини на издавачите и писателите од Македонија на белградскиот и новосадскиот Саем на книгата и со тоа да ја продолжиме прекрасната книжевна нишка, која трае со децении, рече Селаковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парламентарни избори во Нов Зеланд- предност имаат лабуристите

Во Нов Зеланд почнува гласањето на општите избори, кои ќе се одржат утре по локално време, а гласачките места се затвораат во 19:00 часот, односно седум часот наутро по средноевропско време.

Парламентарни избори во Нов Зеланд- предност имаат лабуристите

Изборната комисија на Нов Зеланд ќе почне да ги објавува резултатите кратко по затворањето на гласачките места, а прелиминарните резултати, при што се очекува 50 проценти од анкетите да бидат објавени до 22:00 часот по локално време.

Лабуристите во водство

Официјалните резултати, кои ги земаат предвид и посебните гласови како оние од странство, ќе бидат објавени на 27 ноември.

Главни кандидати на изборите се актуелниот премиер Кристофер Луксон, шеф на централно-десничарската Национална партија, и Крис Хипкинс, шеф на централно-левичарската Лабуристичка партија. Според најновите анкети, Лабуристите имаат мало водство.

Нема рок до кој мора да се формира владата.

Изборната комисија постави строги правила за тоа што може да се објави во сабота до затворањето на гласачките места, вклучително и сè што може да влијае на гласањето или излезноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ си купи стан во Хрватска со поглед на море- го платил 500.000 евра

Поп-пејачот Здравко Чолиќ купил луксузен стан во Пула, според хрватските медиуми.

Здравко Чолиќ си купи стан во Хрватска со поглед на море- го платил 500.000 евра

Се шпекулира дека овој имот на познатиот пејач можел да го чини и до половина милион евра.

Станот се наоѓа во рамките на еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во поново време, во кој цената по квадратен метар е околу 5.500 евра.

Станува збор за комплекс од пет згради лоцирани на рид над пристаништето, на самата граница помеѓу пристаништето и Пјешчана Увала. Проектот предвидува изградба на околу 150 станови, а понудата вклучува и пространи единици од над 100 квадратни метри со големи тераси.

Атрактивната локација овозможува јасен поглед на заливот, бродовите, хотелот, Веруда Порат, Верудела, Пјешчана Увала и Фратарски Оток, дури и од долните катови. Поради големата површина и погледот кон морето, не е исклучено дека конечните цени на некои станови во овој комплекс се далеку над половина милион евра, напиша „Istarski.hr“.

Фрлија бомба во неговиот двор

Да потсетиме дека рано наутро на 3 февруари 2026 година, непознати напаѓачи фрлиле бомба во дворот на куќата на Чолиќ во Дедиње, предизвикувајќи материјална штета на фасадата, оградата, зеленилото и автомобилите, додека немало повредени.

По покрената истрага, на тројцата осомничени мажи им е наредено да бидат притворени со одлука на Вишиот суд во Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на затворот во Ниш призна дека ги следеле гласовите за Вучиќ: Згрешив

Братислав Дикиќ, управник на затворот во Ниш, призна дека вработените собирале податоци за излезноста на граѓаните и ги следеле активностите поврзани со таканаречените „капиларни гласови“. 

Директорот на затворот во Ниш призна дека ги следеле гласовите за Вучиќ: Згрешив

Во писмо до колегите, тој напишал дека тоа не е работа на затворот и дека прифаќа дел од одговорноста, објавува Nova.rs.

Во Србија, терминот „капиларни гласови“ се однесува на организирано собирање поддршка од гласачите. Партиските активисти контактираат со гласачите и се обидуваат да ги охрабрат да гласаат, а тие исто така следат колку од нив гласале.

Дикиќ им се обратил на вработените истиот ден кога бил уапсен Родољуб Рончевиќ, управник на затворот Забела во Пожаревац. Полицијата го сомничи за злоупотреба на службената должност и поткуп во врска со гласањето.

Извештаи собрани од пет затвори

Дикиќ објаснува во своето писмо дека затворот во Ниш организирал гласање за затворениците на денот на парламентарните избори на 25 октомври. Ова, напишал тој, било законска обврска на институцијата. Според неговите сознанија, вработените не влијаеле на тоа како ќе гласаат затворениците.

Сепак, покрај организирањето на гласањето, од вработените било побарано и да ги следат активностите поврзани со „капиларните гласови“ и да собираат податоци за излезноста. Дикиќ наведува дека овие податоци биле проследени.

Според неговото писмо, во Центарот за обука и обука била формирана оперативна група за собирање извештаи од затворите во Врање, Лесковац, Прокупље и Заечар, како и од затворот во Ниш. Групата потоа ги испратила во централниот „Штаб“.

Дикиќ вели дека вработените направиле грешка прифаќајќи ги ваквите задачи бидејќи не ги одделиле службените должности од активностите што не биле во нивна надлежност.

„Верував дека на овој начин ги извршуваме наредбите на УИКС и придонесуваме за заштита на државата Србија и нејзините институции. Сепак, сфатив дека добрите намери не можат да ја заменат законитоста и дека никој од нас, без оглед на позицијата и функцијата, не смее да ги занемари границите на нашите службени овластувања“, напишал тој.

Додаде дека упатствата на раководството не ги ослободуваат од одговорноста да проценат дали барањата се законски и поврзани со нивната работа.

Писмото го објави адвокатот Иван Ниниќ, кој претходно поднесе кривична пријава против 63 лица поради сомнение дека организирале собирање гласови за Српската напредна партија (СНС) во затворите низ Србија.

Во своето писмо, Дикиќ не пишува дека имало притисок врз затворениците. Тој тврди дека нивното право слободно да одлучуваат за кого ќе гласаат не е засегнато.

Управителот на Забела е осомничен од полицијата за купување гласови

Според соопштението за медиумите на српското Министерство за внатрешни работи, Рончевиќ е осомничен дека им делел цигари и кафе на затворениците, кои државните власти ги довериле на чување во затворот за да гласаат за листата број еден, предводена од СНС.

Полицијата вели дека дел од цигарите биле предадени во други затвори. Рончевиќ бил приведен до 48 часа.

На парламентарните избори на 25 октомври, победи студентската листа, освојувајќи 140 од 250 места во Народното собрание, давајќи ѝ мнозинство. Листата предводена од СНС освои 103 места. Конечните резултати беа потврдени по повторното гласање на 53 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер