Европскиот совет не постигна договор за седумгодишниот буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември - Канал 5

Европскиот совет не постигна договор за седумгодишниот буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември

Лидерите на Европската унија ги одложиja преговорите за долгорочниот буџет, откако се појавија тензии околу приоритетите за трошење на средствата и помошта за Украина.

Европскиот совет не постигна договор за седумгодишниот буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември

Разговорите за буџетот за периодот 2028–2034 година завршија синоќа, а некои земји-членки ги напуштија преговорите, кои ќе продолжат во декември. Не постигнавме договор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференција.

Поделбите главно се однесуваа на спротивставените ставови меѓу земјите – од една страна се оние, вклучувајќи ги Франција и Италија, кои сакаат да одобрат предлог со поголеми трошоци, а од друга страна се оние што се залагаат за финансиска воздржаност, предводени од Германија.

Европската комисија претходно оваа година поднесе предлог во вредност од 2 трилиони евра за буџетот, при што некои земји изразија противење на високите нивоа на трошење..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје за 7,56% за домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% .

РКЕ: Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје за 7,56% за домаќинствата

Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.

За корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е за 5,84%.

Со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари.

Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година.

Во Градот Скопје близу 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси и Кристијано повторно еден против друг!

Двете фудбалски легенди Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно ќе се сретнат на спротивните страни од теренот. 

Меси и Кристијано повторно еден против друг!

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, Лионел Меси ќе настапи на прошталниот натпревар на неговиот поранешен соиграч од аргентинската репрезентација, Карлос Тевез, на 20 декември, соопштија организаторите.

Тевез се пензионираше во 2022 година, ставајќи крај на кариерата во текот на која, меѓу другите, настапуваше за Коринтијанс, Вест Хем, Шангај Шенхуа, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус, пред да се врати таму каде што се започна.

Четириесет и двегодишниот фудбалер, кој ја заврши кариерата во клубот од детството, Бока Јуниорс, минатата година изјави дека би сакал Меси и неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, да играат еден против друг на неговиот проштален натпревар.

Меѓу другите играчи чиј настап е потврден за овој натпревар, кој ќе се одржи на стадионот на Бока Јуниорс, „Ла Бомбонера“, се Рио Фердинанд, Серхио Агуеро, Леандро Паредес, Џанлуиџи Буфон и Мартин Палермо.

Меси и Роналдо последен пат играа еден против друг на официјален натпревар во 2020 година, настапувајќи за Барселона, односно Јувентус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова акција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

Нова акција за подигнување на хаварисани возила се одвива низ територијата на Општина Кисела Вода.

Нова акција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила се на терен и ги отстрануваат неупотребливите автомобили од јавните површини.

Постапувањето се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, при што на овие возила претходно им беа поставени налепници со известување за нивно отстранување. Дел од сопствениците сами ги тргнаа своите возила по оставените известувања, додека оние кои не ги испочитуваа дадените опомени и рокови се подигнати со акцијата на терен.

Целта на акцијата е ослободување на узурпираните паркинг-места и зголемување на проодноста на јавните површини. Упатен е јавен апел до сопствениците да не ги оставаат неупотребливите возила на паркиралиштата и тротоарите, бидејќи инспекцискиот надзор и отстранувањето на ваквиот отпад ќе се одвиваат континуирано на територијата на целата општина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер