„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
Веб ТВРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземањеСо видливи модринки на лицето 26 годишната Сара Ѓорѓиеска се појави во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против нејзиниот партнер 31 годишниот Кристијан Корабоски за насилство. Но обвинетиот не беше спроведен во судницата а според инфрмациите се наоѓал во притворскиот дел во судот. Сепак судењето беше одложено. Пред почетокот на рочиштето одбраната барала изземање на судијката која го води случајот Александра Поп Стефанија, што било одбиено. Но по барањето за изземање на сите обвинители од ОЈО Охрид треба да одлучи ВЈО Битола со што ниту еден обвинител не може да постапува во овој предмет и ново рочиште судот закажа за 1 декември. Обвинетиот Кристијан Корабоски не беше спроведен во судницата. Од судот подоцна образложија дека тој се наоѓал во притворското одделение на судот поради изолација, бидејќи во салата за судење се наоѓала Сара Ѓорѓиеска која е оштетена. -Во салата за судење не беше присутен обвинетиот К.К истиот се наоѓаше во притворското одделение на Судот, а поради изолација, бидејќи оштетената С.Ѓ беше присутна во судницата,- -Основен суд Охрид. Нејзиниот адвокат барањата на одбраната ги оцени како обид за одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста. Во врска со отсуството на обвинетиот од судницата, Шајн рече дека Сара не била прашана дали може да присуствува на рочиштето, туку дека тие инсистирале таа да биде присутна. -Сметам дека заради одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста која ја има обвинетиот Кристијан Корабоски. Видовте не беше присутен во судницата. Тој беше присутен во судот во притворското одделение. Требаше да биде присутен во судницата како што е присутна оштетената. Дали беше прашана оштетената дали сака да биде присутна во судница. Оштетената Сара не ја прашаа, ние инсистиравме да биде присутна, да си ја каже вистината за целокупниуот настан бидејќи правда мора да има за овој случај. изјави – Ѓоко Шајн – Адвокат. Сепак, во официјалното соопштение на охридскиот суд не е наведено дали одлуката на судијката Поп Стефанија, обвинетиот Кристијан Корабоски да се соочи со Сара се однесува на целата главна расправа или само на денешното рочиште. Според обвинението Кристијан Корабоски се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при вршење семејно насилство. Настанот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во домот на обвинетиот, а продолжила во автомобилот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРечиси 71 милион евра плус за Македонија од планот за раст, потврди Марта КосЕК потврди, Македонија добива дополнителни речиси 71 милиони евра од Планот за раст за спроведувањето на реформската агенда, кажа еврокомесарката Марта Кос.ЕК потврди, Македонија добива дополнителни речиси 71 милиони евра од Планот за раст за спроведувањето на реформската агенда, кажа еврокомесарката Марта Кос на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, на форумот посветен на планот на раст. Овие средства според првичниот план беа предвидени за Србија, Косово и Босна и Херцеговина, но поради нивното отсуство на реформи ќе бидат прераспределени за трите земји оценети како предводнички во реформите, Црна Гора, Албанија и Македонија. - Европската комисија штотуку ја заврши проценката. Црна Гора имплементираше 94% од реформите и наскоро ќе добие 81 милион евра во следната рунда на плаќања. Албанија имплементираше 80% и ќе добие 185,6 милиони евра. С. Македонија имплементираше 56% и ќе добие близу 71 милион. / Наскоро ќе ја започнеме постапката, а ова се дополнителните пари што ќе можете да ги добиете во првата половина од следната година, изјави Кос. Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, пак, во интервју за „360 степени“ вчера кажа дека ЕУ е подготвена веднаш по усвојувањето на уставните измени да организира две меѓувладини конференции со Македонија, со кои би се заокружило отворањето на пристапните преговори и би се отворил првиот кластер „Темели“. Не сакаше да шпекулира дали Бугарија е единствената членка на ЕУ што се противи на Акцискиот план за малцинствата, но ги пофали консултациите меѓу Скопје и Софија. -Лично сум уверен дека ако има напредок во важните прашања за усогласувањето со ЕУ, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во реформите, и ако ги имаме отворено пристапните преговори, тогаш ќе го имаме потребниот замав. Ако истовремено се негуваат добрососедските односи и предвидените комисии работат јасно, решително, посветено и конструктивно, јас лично верувам дека нема од што да се стравува. Но, како што веќе реков, со „ако“ и „но“ не напредуваме. Многу добро знаеме каква е ситуацијата. Од наша страна има огромно разбирање и подготвеност да помогнеме и да бидеме со вас на тој пат за да може да се оди напред – рече Рокас. Премиерот Мицкоски во неколку наврати порача дека дури и ако се направат уставните измени, останува прашањето за Акцискиот план за малцинствата кој останува блокиран единствено од Бугарија, а е услов за да почнат формалните преговори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаРКЕ: Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје за 7,56% за домаќинстватаРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% .Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика. За корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е за 5,84%. Со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари. Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година. Во Градот Скопје близу 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook