НУБ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право - Канал 5

НУБ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска  ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година.

НУБ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

На настанот ќе биде прочитана светската порака за книгата од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, како и македонската порака која годинава ја напиша проф. д-р Славица Велева.

-Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор - Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза, соопшти НУБ за настанот кој и оваа година го организира со поддршка од Шпанската амбасада во Скопје.

Одбележувањето на Светскиот ден на книгата ќе почне со поздравен говор на Јовица Никчевски, директор на Библиотеката, и со обраќање на претставник од Амбасадата на Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии.

Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години.

Потребни сер 6.000 евра.

Сите кои се во можност можат да донираат на:

143 482 за корисници на А1.

143 109 за корисници на Телеком.

Халк Банка: 270 700 122 675 849

Примач: Марко Џолевски

НЛБ Банка: 210 501 786 673 895

Примач: Марко Џолевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер