Откако проговори за разводот, Адел е снимена со новото момче (ФОТО) - Канал 5

Откако проговори за разводот, Адел е снимена со новото момче (ФОТО)

Откако пред неколку дена го објави хит-синглот Easy On Me во кој зборува за разводот, Адел е видена во друштво на своето ново момче.

Откако проговори за разводот, Адел е снимена со новото момче (ФОТО)

Пејачката не крие колку е среќна, а познатата двојка е видена на отворањето на сезоната во НБА, на натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Ниту поразот на домашниот тим не им го расипа доброто расположение. Имено, тие не ја симнаа насмевката од лицата, уживајќи во вниманието на присутните фотографи.

Откако се разведе од милијардерот Сајмон Конецки, со кого беше во брак пет години и со кого го има деветгодишниот син Анхел, 33-годишната Адел среќата ја најде со седум години постариот спортски агент Рич Пол.

Таа неодамна зборувала за својата нова љубов во списанието „Вог“, на чија насловна страница ги зашемети сите со својот изглед, и призна дека е воодушевена што Рич не е премногу фасциниран од нејзината глобална слава. Истакнала и дека нашла нова љубов токму во моментот кога починал нејзиниот татко, а токму Рич и дал утеха.

Патем, нивната врска започна да се зборува уште во мај, но на почетокот се криеле, па затоа папараците имале прилично напорна задача. Но, сега Адел јасно стави до знаење дека повеќе нема намера да се крие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Лишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари.

Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.

Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија.

„Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот.

Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт.

Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата.

„Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб.

Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата.

Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер