Отишол да купи Бугати со семејството, излегол од фабриката со осум автомобили (ФОТО) - Канал 5

Отишол да купи Бугати со семејството, излегол од фабриката со осум автомобили (ФОТО)

Знаете ли за онаа ситуацијата кога ќе ве понесе атмосферата и купувате значително повеќе во продавница отколку што сте планирале? И сега замислете да се најдете во фабриката на Bugatti.

Отишол да купи Бугати со семејството, излегол од фабриката со осум автомобили (ФОТО)

Токму тоа го направил неименуван клиент на Bugatti. Неодамна пристигнал во фабриката за да купи не еден, ниту два, туку вкупно осум автомобили. Ако мислите дека шесте малечки Bugatti IIS не се автомобили, се лажете, цената надминува сѐ што е видено досега во овој сегмент. Станува збор за играчки кои можат да ја достигнат цената и до 60.300 евра.

Покрај шест автомобили во живописни бои, клиентот си купил и еден Chiron, верзија Super Sport 300+. Конечно, тука е Veyron Grand Sport Vitesse World Record Edition со сертификат „La Maison Pur Sang“. Интересно е што тој не пристигнал сам во седиштето на Бугати, туку дошол со шест од неговите деца.

Со оглед на толку доброто купување, не е чудно што Bugatti се одлучиле за неконвенционален подарок во форма на посета на просториите на компанијата, вклучувајќи го замокот и студиото каде што се реновираат Type 41 Royale и Type 35 .

Почесниот купувач имал средба и со Енди Валас долгогодишен тест возач на Bugatti и личен пријател на новиот сопственик на осум автомобили Бугати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер