Османи-Едштадлер: Реафирмирана силната австриска поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ

Австрија ја гледа нашата земја и земјите од Западен Балкан како дел од семејството на ЕУ и дека и понатаму ќе продолжат со силна поддршка за нашаљта евроинтеграција.

Тоа го истакнала министерката за Европа на Република Австрија, Каролине Едштадлер на видео-конференциска средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што соопшти СЕП, на почетокот на средбата вицепремиерот Османи ја искористи приликата да и се заблагодари на министерката Едштадлер за нејзината лична поддршка и за поддршката на Владата на Република Австрија, што во пандемиски услови кога сите беа фокусирани на настанатата криза, тие силно ја поддржаа одлуката за започнување на преговори на Македонија со ЕУ. Воедно Османи и изрази благодраност и за поддршката во борбата против КОВИД-19, потенцирајќи дека само со заендични сили можеме успешно да се справиме со настанатата криза.

Министерката Едштадлер, се посочува, го спомна и новиот пакет подршка од ЕУ во износ од 3,3 милијарди евра, предвиден за најава на претстојниот Самит во Загреб.

Меѓу другото, се додава, соговорниците дискутираа околу очекувањата од претстојниот Самит „ЕУ-Западен Балкан" што ќе се одржи во Загреб на 6 мај, околу преговарачката рамка и Извештајот за напредокот што ЕК треба да го објави на почетокот на наредниот месец.

За време на видео – средбата вицепремиерот Османи во однос на преговарачката рамка која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки како и усогласување на истите со нашата земја со цел, како што наведува, во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите.

-Во периодот кој ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласена веќе нема простор за менување на правилата, додаде Османи.

За време на разговорот соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна прилика и можност за лидерите од регионот и ЕУ да ги зајакнат своите односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, стои во соопштението. /МИА

Расистички навреди кон Нико Вилијамс

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, беше цел на расистички навреди од трибините на натпреварот против Атлетико Мадрид во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Дваесетиедногодишниот Шпанец го постигна единствениот гол за баскискиот клуб кој ги загуби натпреварот со 3-1.

„Не е нормално да те навредуваат поради бојата на кожата. Знам дека насекаде има глупави луѓе, но ова треба да се промени. Играчите на Атлетико ме поддржаа и разбираат дека е неприфатливо да се пуштаат мајмунски звуци за време на натпревари“, изјави Вилијамс, цитиран од шпанските медиуми.

Вилијамс оваа сезона забележа 32 настапи во сите натпреварувања за Атлетик, постигнувајќи шест голови, а запиша и 14 асистенции.

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

 Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година.

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

притисни ентер