Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А. /МИА

Казни за 85 возачи на територија на Свети Николе и Пробиштип

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 17 часот во сообраќајна контрола на територија на Свети Николе и Пробиштип казнети се 85 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од вкупниот број санкции, 12 се за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители, се додава во соопштението, изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Промоција на новата книга на Румена Бужаровска, „Господ, па Америка“

Издавачкиот центар ТРИ вечер организира промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски.

Како што велат од ТРИ, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регинот. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“, се посочува, го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството, а целиот настан, според издавачот, ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество.

-По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик..., , наведува ТРИ.

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Публиката не само од Скопје, туку и од цела Македонија ја исполни Филхармонија дури седум пати со детски џагор, радост и многу насмевки.

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен интерес и дури седум фестивалски претстави беа потребни за да ги собере сите заинтересирани деца да ги чујат новите детски песни изведени на фестивалот. Публиката не само од Скопје, туку и од цела Македонија ја исполни Филхармонија дури седум пати со детски џагор, радост и многу насмевки.

Речиси 6 500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител - маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) на маестрален начин ги водеше децата низ фестивалска приказна, а овациите и задоволството не престанаа до самиот крај на фестивалскиот репертоар. Новите 15 песни ги опфатија сите сегменти од детскиот свет и со својата мелодичност и стилска разноликост приредија голема забава за сечиј детски вкус. Секоја песна на големиот лед екран во форма на брод имаше анимирано видео со испишан текст што привлече големо внимание кај публиката. На самиот крај со импресивна сценска кореографија беше изведена песната “Македонија да ја чуваме” која со својата моќна порака не потсети колку е убава и сакана нашата татковина.

Поточиња 2024 уште еднаш потврди дека фестивалот со право го носи епитетот најреномиран детски фестивал во државата и дека со секое ново издание се повеќе ја збогатува музичката ризницата на македонски хитови за деца.

притисни ентер