Општина Велес преку изведувачот Македонски Телеком привршува со поставување на новото паметно економично ЛЕД осветлување по примерот на европските градови, кое го земени старото жолто неекономично со натриумови светилки. Досега се заменети 3700 што значи останува осветлувањето на уште илјада светилкi од предвидените 4695.
Градоначалникот Марко Колев денеска информира дека целосно е поставено новото осветлувања во селата во општината, како и на главните и споредните градски улици, и во дел од високите зони на градот. Тој најави дека целосно замената на старите со нови светилки ќе заврши до 10-11 јуни годинава.
- Сега имаме проблем бидејќи се соочуваме со високите улици со тесни улици каде е отежнат пристапот на еипите кои ја вршат замената. Сепак се снаоѓаат и на тој терен со скала и помали возиа со кои можат да влезат на овие тесни улички рече Колев.
Тој потенцира дека Општина Велес ќе го запази рокот и за дваесетина дена ќе објават дека целата работа е завршена. Додаде дека од секојдневниот увид и разговорите со граѓаните, тие се задоволни од новото бело осветлувањесо со кое видливоста во вечерните часови во многу е зглемена.
-Овие три, четири модели на светилки од 40,45,55 и 85 вати кои ги монтираме изгледаат како што треба и што е посебно важно ја даваат јачината на одлично осветллување, а што Велес и населените места го заслужуваат, истакна Колев.
Освен во високите зони на градот, дополнително имале проблеми за време од врнежите од дожд кои беа интезивни во последниве недели, кога одлучиле да не ги носат работниците во ризик и во тие денови имало прекини во работата.
Инаку, поставувањето на ново паметно осветлување во градот е во рамките на проектот „Модернизација на јавното осветлување“ и е со паметни ЛЕД светилки од брендот на фирмата „Шредер“ со висок квалитет и стандард. Поставувањето започна кон крајот на јануари годинава, а се очеува да се постигне значителна заштеда на електричната енергија, намалување на трошоците за одржување и заштита на животната средина. Проектот вреден 90 милиони денари кој ќе се исплатува на 36 рати е инвестиција на Општина Велес, а работите ги изведува Македонски Телеком.
Истовремено се вградува и електронска опрема со кои уличните светилки далечински ќе се управуваат, а се поставуваат и 92 улични ормари за надгледување и управување, и сето тоа ќе биде поставено на софтверски систем на мапи.
Вработените кумуналното одделение на Општина Велес во секое време ќе можат да добиваат преглед на состојбата, каква е потрошувачката на струјата и каде се потребни интервенции.