3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
МакедонијаОпштина Илинден - Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа. Дополнително, извршено е нивелирање и поставување на заштитни бетонски капаци на шахтите од фекална канализација кои се наоѓаат на улицата, се врши чистење и уредување на отворените одводни канали, кои се во функција на прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот, како и поставување на заштитни банкини долж коловозот. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното инвестирање во локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на општината, бидејќи современите и квалитетни сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот на жителите од сите населени места. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на проекти за изградба и реконструкција на улици низ целата територија на општината, со цел понатамошно унапредување на комуналната и сообраќајната инфраструктура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можностиДипломатските односи мора да се претвораат во економски можности – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на формуот посветен на градење отпорни бизниси во неизвесен свет. Во обраќањето, Муцунски нагласи дека прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку тие промени да се претворат во конкурентска предност Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаУСЈЕ пред нова еколошка дозволаВо овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски. Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште се санираат последивите од завчерашното невреме во скопскоСтраниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга.Страниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга, стотици книги наместо да бидат на полиците во магацинот на книжевниот центар „Антолог“ – едно од најзначајните имиња на издаваштвото во земјава, пловат во водата која ја донесе невремето. Успеавме да стигнеме за 20тина минути откако не алармираа соседите, но со две „голи раце“ не можеше многу да се направи – вели сопственикто Жарко Кујунџиски, а службите кои ги повикале веднаш, не дошле. -Затекнавме стравична слика. Овде се насобрало огромно количество вода, инвентарот плута, вратите беа разнесени внатре, големи количини на книги, палети поставени само што истоварени, плутаат издигнати на површината,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог. Невремето не уништи само хартија и опрема, туку 27 годишен труд, преводи, приказни и дел од скопското и македонско културно богатство, па додека штетите се сумираат, останува најтешкото прашање, дали издавачката куќа „Антолог“ ќе успее да ја испише следната страница. -Неколку стотици илјади евра се во прашање, но и една човечка енергија, сила и жар – работа која што стои зад сето ова. Се напивме апче за смирување, за да можеме да дојдеме на себе, видовме како една кариера на нашите предци кои го основале антолог и мојата која е 15-20 години во Антолог и на целата екипа буквално паднала и се потопила во вода,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог. Канал 5 во меѓувреме стапи во контакт со градоначалниците на најпогодените општини, кои апелираат до граѓаните да пријават доколку имаат штети, бидејќи досега нема ниту една пријава, за да можат да се оформат комисии кои би направиле проценка и истата би ја проследиле до Влада. На удар на невремето најмногу се најдоа Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Бутел, каде поголем дел од сообраќајниците беа претворени во реки, а подвозниците во базени. Општините, и Град Скопје се уште ги држат на готовс кризните штабови поради можноста да се повтори состојбата, согласно најавите изминативе денови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook