Опасен британски криминалец го запали затворот и претепа полицаец (ВИДЕО)

Безбедносните камери во британскиот затвор Фул Сатон во покраината Јоркшир снимија насилен бунт на затвореници.

Бунтот се случил во август минатата година , а сега се појави видеото , кое се користи на судењето на еден од водачите. Бунтот траел осум часа , а полицајците користеле пиротехника за да ги смират разбеснетите затвореници.

Во бунтот учествувал и 38- годишниот Џон Онјенаичи , кој е осуден за обид за убиство на двајца полицајци во Лондон во 2010 година. Тој направил околу 15 000 фунти вредна штета за време на бунтот.

На снимката сегледа како тој го удара полицаецот по глава неколку пати , по што и другите затвореници се нафрлија врз полицајците.

Освен тоа Онјенаичи запалил и пожар во кујната. На досудените 25 години затвор , за бунтот и нападот му се досудени уште 6 години.

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.

Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.

Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.

Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.

Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи.

Навремено и без проблеми почна изборниот процес во Прилеп

Гласањето во Прилеп почна навреме и тече непречено и без проблеми, потврдуваат од општинската изборна комисија. 

Своето право на глас денеска може да го остварат 62 169 избирачи за претседателските избори и 62 271 гласач на парламентарните избори.

-Точно во 7 часот се отворени 142-те избирачки места во Прилеп. Изборниот процес почна без проблеми. Гласачкиот материјал изборачките одбори навреме го подигнаа, изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.

Според првичните информации од комисиите, гласањето почна навремено и во Кривогаштани, Долнении во Крушево.

Во Крушево денеска може да гласаат 7 775 граѓани со прави на глас на претседателските или 7 795 избирачи на парламентарните избори кои гласачкото право може да го остварат на 22 гласачки места.

Во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас го остваруваат 4 428 гласачи за претседателските, а 4 434 избирачи се запишани во единствениот избирачки список за парламентарните избори.

Во Долнени денеска може да гласаат 11 730 жители со право на глас за претседателските, а 11 748 избирачи за парламентарните избори. Се гласа на 40 избирачки места.

Во Прилеп вчера правото на глас го остваруваа болните и немоќните, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и осудениците во прилепскиот затвор. Од 455 болни, правото на глас го искористиле 430 за претседателските, а 432 граѓани за парламентарните избори. Во Домот за стари лица, од 68 запишани избирачи од 21 општина гласале 48, а во прилепскиот затвор од 104 осуденици со право на глас, за претседателските избори гласале 77, а за парламентарните 81 лице.

Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони

Европската ракометна федерација (ЕХФ) со жрепка во вторникот вечер ги одреди полуфиналните дуели во Лигата на шампиони во машка и женска конкуренција.

Машкиот фајнлфор ќе се одржи во Келн во „Ланкснес арената“ на 8 и 9 јуни, а завршниот турнир во женска конкуренција ќе биде една недела претходно во Будимпешта.

Германски Кил ќе игра против шпанска Барселона, додека во второто полуфинале се среќаваат дански Алборг и германски Магдебург.

Во полуфиналето во женска конкуренција, данскиот Есбјерг ќе игра против унгарски Ѓер, а француски Мец против германски ББМ Битигхајм.

притисни ентер