ОН: Поради коронавирусот расте бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија - Канал 5

ОН: Поради коронавирусот расте бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија

Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле да им помогнат на најсиромашните да закрепнат, преку заеми со минимални каматни стапки.

ОН: Поради коронавирусот расте бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија

Пандемијата на коронавирусот минатата година доведе уште 77 милиони луѓе до екстремна сиромаштија и многу држави во светот до неможност економски да се опорават од трошоците за отплата на долговите, состојба регистрирана и пред почетокот на војната во Украина, соопштија Обединетите нации.

Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле да им помогнат на најсиромашните да закрепнат, преку заеми со минимални каматни стапки.

Сепак, најсиромашните земји потрошија милијарди евра за сервисирање на долговите и се соочија со многу повисоки трошоци при задолжување, па затоа не можат да инвестираат во образованието, здравството, животната средина и намалувањето на нееднаквоста.

Според Обединетите нации, во 2019 година 812 милиони луѓе во светот живееле во екстремна сиромаштија, а до 2021 година поради пандемијата тој број се зголемил на 889 милиони.

Извештајот претставува финансиски план за постигнување на развојните цели на ОН до 2030 година, меѓу кои ставање крај на сиромаштијата, обезбедување квалитетно образование за сите млади луѓе и постигнување родова еднаквост.

Заменик-генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед, рече дека планот доаѓа во време на растечки еколошки и климатски кризи, долготрајна пандемија на коронавирусот и глобално влијание на војната во Украина.

Анализата на ОН покажува уште дека 1,7 милијарди луѓе се соочуваат со зголемени трошоци за храна, енергија и ѓубрива како резултат на војната во Украина./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за асфалтирање на улицата „Софиска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош

Потоа, предвидено е пешачење до ООУ „Братство“, каде што ќе се постави камен-темелник за изградба на нова спортска сала.

По завршувањето на настанот, предвидена е изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер