Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
2Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
ЗабаваОлимпијадата во втор план поради изборот на Мис БумБум (видео)Еден од најпопуларните избори за мис на светот е Мис БумБум.Ова натпреварување слави седум години успешна организација. Оваа година повторно 27 девојки во облечени во танга гаќички се натпреваруваат и нивната цел е да покажат која има најдобар задник. Вчера трчаат 100 метри долг спринт низ најпрометната улица во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неоходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.. За предизвиците и перспективите повеќе од Маја Стојановска.. Маја што предлагаат пензиските друштва? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтудентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протестиВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. „Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело. Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел... „МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН. Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денариНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евраНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски. Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок. Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси. Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter