Околу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожари - Канал 5

Околу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожари

Околу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожари. 

Околу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожари

Откако на територијата на земјава уште пред почетокот на сезоната на неколку локации се активираа шумски пожари, доброволните друштва веќе се организираат и преку насоки на Дирекцијата ќе бидат упатувани на критичните точки. Целта е летово на минимум да се сведе ангажманот на полицијата и АРМ освен во случај на пожари од големи размери.

-Секое противпожарно друштво ќе декларира однапред одреден број на доброволци преку тимовите на ДЗС кои ќе бидат подготвени во случај на пожар да бидат упатени кон местото каде е неопходно. Доколку се работи за поголем пожар можам да побарам поддршка и од останатите условно кажано командири и од останатите командири и нашата ефикасност ќе биде на поголемо ниво. – Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС

Засега преку ДЗС се организирани десетина доброволни противпожарни друштва во земјава. Велат имаат доволно искуство за активно да се вклучат во гаснење на шумските пожари.

-Со нашите ресурси со кои располагаме можеме во иднина да учествуваме во гасење на шумските пожари бидејќи за тоа сме обучени. Голем број од нашето друштво имаат сертификати и обучени се специјално за шумските пожари. – Артан Демири – Доброволно противпожарно друштво од Чаир

За разлика од тимовите за брз одговор при ДЗС кои добиваат дневници, пожарникарите доброволци ќе гаснат пожари без пари. Сепак очекуваат од државата да помогне околу опремата и одржувањето на возилата.

-Системските пропусти кои не мачат, финансирањето, обезбедувањето на опрема, увозот на возила, увозот на опрема, овде сме оданочени плаќаме данок и мсилам дека за сето тоа треба државата да се зафати и да ги отклони овие препреки кои и тоа како ни создаваат проблем во нашето работење. – Златко Илиев – Довроволно противпожарно друштво од Кочани

-Работиме без пари освен оние кои се во тимовите за брз одговор. Бараме единствено средства и финансии за да можеме да ги одржуваме нашите возила, да набавуваме опрема, за храна, обуки и вежби за да можеме да ги издржиме тие финансиски издатоци. – Алексдандар Ангелевски - Доброволно противпожарно друштво од Битола

По пожарот во Штип кој е целосно изгаснат и кој го довел во опасност снабдувањето со вода на градот, на територијата на земјава денеска се регистрирани 6 пожари од кои е активне еден на територијата на оптина Куманово.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

„Безбеден град“ евидентирал над 33.000 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки до крајот на мај, информриаат од МВР.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

Тие досега не ги плаќаа казните, но министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека тоа ќе се промени.

- Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила “, кажа Тошковски и најави дека казните на странците ќе им бидат врачувани на граничните премини при излез од земјава.

Додека не заврши надградбата на системот, возачите кои возат брзо по македонските автопати со возила со странски сообраќајни таблички, ќе бидат казнувани само од полициските службеници „пресретнувачи“ кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер